Медицина
Не е за сè крива топлината под јорганот, ниту мрзеливоста. Ако во изминатите недели ви се потребни и четири (курдисани) будилници за да ве кренат од кревет, не грижете се – науката е на ваша страна. Имено, иако ако луѓето не хибернираат во зима, се чини дека сепак во студените месеци имаат потреба од дополнителен сон. Ова се заклучоците од анализата што неодамна беше објавена во Frontiers in Neuroscience.
Објавено на 27.02.2023 - 11:15

Аудио и видеотехника
Издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја промовира книгата „Биографија на аналогниот магнетофон“ од Вангел Башевски – Барми, оценета од Министерството за култура како проект од национален интерес. Се работи за научно-популарно издание, прво од таков вид во регионот, кое главно се занимава со историјата на аудиотехнологијата и музиката.
Објавено на 25.02.2023 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Со почеток од 14 март 2023 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Придружете им се, затоа што учењето со нив е забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со работата на САД.
Објавено на 24.02.2023 - 16:15

Геологија
Сеизмичките бранови патуваат поинаку низ највнатрешното јадро отколку низ надворешниот дел. Реверберацијата од сеизмичките бранови додека се одбивале напред-назад низ центарот на Земјата откри нови детали за структурата на внатрешното јадро на нашата планетата, вели неодамна објавената студија во Nature Communications, известува Nature.
Објавено на 24.02.2023 - 12:45

Автомобилска техника
Секоја година American Consumer Reports објавува листа на најдобрите производители на автомобили, а оваа година BMW го освои првото место благодарение на особено добрите перформанси при возење и силните резултати од анкетирањето на сопствениците. Станува збор за студија во која се позиционирани 32 марки на автомобили врз основа на перформансите, безбедноста, издржливоста и доверливоста на нивните возила. Рангирањето може да биде од корист за купувачите затоа што им посочува брендови што се истакнуваат и некои на кои треба да им се пристапи со поголема претпазливост.
Објавено на 24.02.2023 - 12:00

Енергетика
Varta најави дека ќе го претстави своето портфолио на производи на саемот за печатена електроника LOPEC 2023, што ќе се одржи од 1-ви до 2-ри март оваа година во Минхен. Посебен фокус оваа година е даден на иновативниот проект во областа на печатените батерии, кој треба обезбеди енергија во голем број идни апликации.
Објавено на 23.02.2023 - 17:15

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на планета со големина на Земјата во зоната погодна за живот во орбита околу црвено џуџе во нашето соседство.
Една неодамнешна студија на проектот CARMENES објави податоци од преку 20 000 набљудувања направени во периодот помеѓу 2016 и 2020 година за примерок од 362 блиски поладни ѕвезди. Проектот има за цел да идентификува егзопланети слични на Земјата кои потенцијално би можеле да имаат вода на нивната површина, доколку се наоѓаат во т.н. „животна зона“ на нивната ѕвезда.
Објавено на 22.02.2023 - 17:30

Геологија
Податоците од сателитите што поминуваат и ја следеа моќната ерупција на Хунга Тонга-Хунга Хаапаи, сега се трансформирани во звук. Слушнете како звучи досега најголемата вулканска ерупција во овој 21. век...
Објавено на 22.02.2023 - 16:15

Автомобилска техника
Инженерите од Државниот универзитет на Северна Каролина имаат предлог: додадете трета боја на зелената и црвената боја на семафорите. Со доаѓањето на автономните возила (АВ), нешто што, признаваме, сè уште претставува научно-фантастична утопија за нас, но е сè пораспространета реалност во некои американски градови - научниците предлагаат да се воведе и сигнализација со „бело светло“ (или која било друга боја), што би им овозможило на АВ да го контролираат протокот на сообраќај на раскрсниците. Деталите за идејата беа објавени неодамна во IEEE Transactions on Intelligent Transportation Systems.
Објавено на 21.02.2023 - 18:00

Електротехника
Eдна од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, деновиве слави 20 години постоење. По повод јубилејниот роденден Лотулс на потрошувачите им нуди единствена можност да се стекнат со висококвалитетниот алат на Макита по намалени цени.
Објавено на 21.02.2023 - 12:30

Pages