Металство и машинство
Некогаш извонредни идеи паѓаат на ум кога си најопуштен и случајно се доаѓа до ефикасно решение на некој незгоден и нерешлив проблем. Така, и протагонистот од видеото приложено подолу се решава да го редизајнира велосипедот. Му паѓа на идеја наместо класични тркала со гуми да стави пили од циркулар – лудост која веднаш ја оправдува со користење на велосипедот на мраз. Еволуцијата на идејата ја имаме од почетниот стадиум т.е. на ниво на скица до изведба. И токму во тој момент е клучот што го одделува овој проектант од лудак и непресметлив човек. Некои граници се речиси невидливи!
Објавено на 18.07.2022 - 12:15

Геологија
Ерупцијата што го потресе кралството Тонга, во Полинезија, на 15 јануари, продолжува да се проучува. Прелиминарната проценка го потврди тоа дека се работи за најголемата вулканска експлозија забележана во 21-виот век.
Објавено на 15.07.2022 - 15:30

Медицина
Изминува четвртата недела од почетокот на петтиот бран на корона вирусот и дневните броеви на новодијагностицирани моментално растат најбргу од почетокот на бранот (на дијаграмот на првата слика). Меѓутоа, темпото на раст е значително помало од претходните бранови, односно ефективниот репродукцисики број Rt (на дијаграмот на втората слика) нема многу високи вредности.
Објавено на 14.07.2022 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Прекрасен астрономски феномен нè очекува вечерва, ноќта помеѓу 13 и 14 јули – т.н. супер Месечина, кога нашиот сателит привидно ќе изгледа поголем од вообичаеното. За разлика од добар дел од астрономските настани, ова “шоу” може да се набљудува и со голо око. Ако временските услови се задржат во поволна состојба, ќе бидеме сведоци на најголемата супер Месечина во 2022 година. Што значи ова?
Објавено на 13.07.2022 - 18:45

Биологија
“Да се доживее стотата” , пееја своевремено членовите на Бјело Дугме. Но колку е ова возможно? Според последните податоци од Еуростат очекуваниот животен век при раѓање во 2020 година во Македонија бил 74,4 години, додека во ЕУ – 82,4 години. Сепак, постојат среќници кои не само што ја надминуваат оваа бројка, туку стигаат и до тоа на нивната роденденска торта да дуваат стотина свеќи. Но, што одредува кој ќе го достигне векот? Дали е доволно само да вежбате и да се храните здраво или е потребно и нешто друго?
Објавено на 13.07.2022 - 16:30

Астрономија и астронаутика
По синоќешната “претпремиера”, односно претставувањето на првата научна фотографија од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, денес во директен пренос бевме сведоци на откривањето на уште 4 нови фотографии од објектите што беа посочени како цели на набљудувањата минатата недела.
Објавено на 12.07.2022 - 20:00

Астрономија и астронаутика
Долгоочекуваниот момент на презентација на првите фотографии и набљудувања направени со вселенскиот телескоп Џејмс Веб пристигна. Телескопот лансиран во декември 2021 година треба да ги испорача најдеталните фотографии досега направени од најдалечните галаксии, овозможувајќи поглед најдалеку назад во времето.
Објавено на 12.07.2022 - 15:45

Автомобилска техника
Напредокот на вештачката интелигенција е евидентен на кој напредок ниту правните регулативи не можат да му се спротивстават, т.е. се принудени да ги олабават ригидните ограничувања на некои перформанси и норми во примената на вештачката интелигенција во автоматското управување на автомобилите. Така Меѓународниот експертски панел при Економската комисија на Обединетите Нации за Европа допушти да се зголеми максималната брзина за самоуправуваните автомобили од 60 km/h на 130 km/h. Исто така, дозволена е и промена на лентата по “наоѓање“ на автоматскиот возач на автомобилот.
Објавено на 12.07.2022 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Моментот што го чекавме пристигна. Како што беше планирано, на посебен настан во Белата куќа, американскиот претседател Џо Бајден ја презентираше првата научна слика во боја од вселенскиот телескоп Џејмс Веб – најмоќната опсерваторија досега лансирана во вселената.
Објавено на 12.07.2022 - 03:15

Астрономија и астронаутика
Откако минатата недела беше објавен списокот на космички објекти кои Веб ги таргетираше за неговите први набљудувања, сите сме во исчекување на директниот пренос на НАСА на којшто ќе бид претставени првите фотографии. Преносот треба да се случи утре во 16 часот и 30 минути по македонско време, а во меѓувреме да видиме што може да очекуваме...
Објавено на 11.07.2022 - 13:30

Pages