Некогаш извонредни идеи паѓаат на ум кога си најопуштен и случајно се доаѓа до ефикасно решение на некој незгоден и нерешлив проблем. Така, и протагонистот од видеото приложено подолу се решава да го редизајнира велосипедот. Му паѓа на идеја наместо класични тркала со гуми да стави пили од циркулар – лудост која веднаш ја оправдува со користење на велосипедот на мраз. Еволуцијата на идејата ја имаме од почетниот стадиум т.е. на ниво на скица до изведба. И токму во тој момент е клучот што го одделува овој проектант од лудак и непресметлив човек. Некои граници се речиси невидливи!
На следниве слики е претставен резултатот од овој проект кој успешно се справува во реалните ситуации. Возењето на мраз е факт и велосипедот си ја оправдал намената. Точно е дека е контроверзен проект, точно е дека е опасен проект, точно е дека и не е толку комотен за возење, точно е и дека предното колце на инкременти врти лево-десно, точно е и дека тресе при возење и многу други нешта се точни а за кои ќе стане збор во написот на оваа тема во новиот ЕМИТЕР замислен како блиц курс по проектирање и конструирање токму на овој (или ваков) велосипед но точно е и дека успешно вози по мраз и ја обавува со голем успех задачата за која е наменет.
Велосипедот ги задоволува сите параметри на сигурно возење по мраз. Задоволени се параметрите за бочна стабилност на допирот на тркалото со мразот што е од круцијлна важност за држање на динамичка рамнотежа на велосипедот особено при мали и релативно мали брзини и задоволен е параметарот за остварување на погонска сила за движење напред и за сопирање (овие дејствија ги вршат задното и предното тркало респективно).
Интересна иновација која мами воздишки, која бара доработка посебно од безбедносен аспект и која добро би дошла на, пред сé воените кругови и научните експедиции како и во некои бизнис кругови...