Информатика
Заврши осмиот по ред Глобал Гејмџем и во Битола. Оваа година имаше многу повеќе луѓе отколку што планиравме. Имавме над 70 учесници (точен број ќе објавиме деновиве), 17 тимови кои направија 17 игри во прототип, најмладиот учесник имаше 9 години, најстариот 46 - не ни стигна никој оброк, сите...
Објавено на 03.02.2020 - 11:45

Биологија
Овие џиновски птици се најновите регрути во борбата против нелегалниот риболов. Риболовот во целиот свет се одвива во националните економски ексклузивни зони (ЕЕЗ) и во меѓународните води. Познавањето на распределбата на рибарските бродови е основа за регулирање на риболовните активности, заради спречување на прекумерната експлоатација и на вклучување заштитени видови во уловот, што е последица на непријавениот и незаконски риболов. Но, информациите за точната локација на сите рибарски бротчиња не е секогаш достапна, особено во меѓународните води каде понекогаш капетаните намерно го исклучуваат локаторот, влевајќи сомнеж во природата на нивните активности.
Објавено на 31.01.2020 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на егзопланетата K2-18b, која содржи течна вода.
Во потрага по егзопланети на кои евентуално постојат услови за живот, астрономите досега идентификувале неколку илјади егзопланети, меѓу нив и мали т.н. “каменести” егзопланети од типот “супер Земја”, кои орбитираат околу својата матична ѕвезда во т.н. “животна зона” (habitable zone).
Објавено на 30.01.2020 - 15:00

Информатика
Фејсбук работи на нова безбедносна карактеристика за заклучување/отклучување на апликацијата Messenger. Со цел да ги заштити вашите разговори, апликацијата Facebook Messenger наскоро можеби ќе додаде “Face ID” заклучување на апликацијата, преку препознавање на лицето на корисникот.
Објавено на 30.01.2020 - 12:00

Автомобилска техника
Денеска е 134-ти роденден на автомобилот. На денешен ден во далечната 1886 година е поднесено барање за патентна заштита од Карл Бенц за неговиот пронајдок – автомобилот и овој настан е усвоен како официјален роденден на автомобилот. Заведен е во патентните книги под број DRP 37 435.
Објавено на 29.01.2020 - 10:45

Информатика
Ако прашате кој било економист за бесплатноста на некоја услуга, веднаш ќе добиете одговор “Не постои бесплатен ручек”, иако човек се надева, нели... Но, се чини дека има нешто во изреката и дека некои понуди се предобри за да бидат во целост вистинити.
Објавено на 28.01.2020 - 15:15

Информатика
Apple се откажа од плановите н а корисниците на iPhone да им овозможи чување шифрирани сигурносни копии на податоците на апликацијата iCloud откако американск ото Федерално истражно биро ( ФБИ ) даде забелешка дека оваа услуга би ги отежна ла не говите истраги.
Објавено на 28.01.2020 - 12:45

Информатика
Kaspersky го доби признанието Бренд на годината во категоријата Антивирусен софтвер од страна на World Branding Awards. Компанијата беше признаена како бренд на годината според уникатниот процес на оценување и гласање на настанот организиран од World Branding Forum.
Објавено на 27.01.2020 - 12:15

Информатика
Според извештајот на компанијата CISCO, државите од западен Балкан, се меѓу просечните земји во областа на дигитална подготвеност во светот. Според тој извештај, Црна Гора е најдобро рангирана замеја од регионот. Од вкупно 141 држави, таа се наоѓа на 53-то место, Србија се наоѓа на 56-то, Македонија на 60 место, Босна и Херцеговина на 69, додека најлошо е рангирана Албанија, на 71 место. Од другите држави од поранешна Југославија, Словенија е на 28 место, додека, пак, Хрватска на 40 место.
Објавено на 24.01.2020 - 12:30

Информатика
Современите мобилни телефони како, на пример, Huawei P30 Pro, iPhone 11 Pro Max, Galaxy Note 10 на Samsung, а веројатно и претстојниот Galaxy S11, се големи, убави и моќни, но тие не ги заменија вистинските машини како лаптопите во поглед на продуктивноста. Дел од причината е тоа што телефонските тастатури се помали и покомпактни. Но сега во Самсунг можеби имаат начин да го променат тоа –користејќи ја предната камера на вашиот телефон за создавање на виртуелна, невидлива тастатура.
Објавено на 23.01.2020 - 11:15

Pages