Компаниитe Фраунхофер (Fraunhofer) и Синклер најавија соработка чијашто крајна цел е интегрирање на Светското дигитално радио (Digital Radio Mondiale – DRM) во дигиталната ТВ-платформа ATSC 3.0. Нивниот договор ќе помогне во унапредување на целта на Синклер за вклучување на ATSC 3.0 аудио услуги и во неговиот мобилен телефон MarkONE.
Во радиокруговите Fraunhofer IIS е познат по развојот на аудио кодеци, вклучувајќи го xHE-AAC, додека групацијата Синклер Бродкаст (Sinclair Broadcast Group) е медиумска компанија и главен поборник за ATSC 3.0. Самиот ATSC 3.0 стандард е главна верзија на ATSC стандардите за телевизиско емитување наменети за САД, Канада, Мексико и Јужна Кореја, создадени од Комитетот за напредни телевизиски системи (ATSC). Содржи околу 20 стандарди кои опфаќаат различни аспекти од системот и вкупно ќе има повеќе од 1000 страници документација.
Мобилниот телефон MarkONE на Синклер (Sinclair) ќе има можност да прима ATSC 3.0 пренос со DRM радиоуслуги. (промотивна фотографија на Синклер)
Организациите изјавиле дека "ги здружуваат силите за да им го донесат најдоброто можно дигитално радио искуство засновано врз DRM на корисниците на ATSC 3.0 дигиталната ТВ-платформа и работат на усвојување на двата стандарди ширум светот, за доброто на радиодифузерите и на слушателите“.
Користењето дигитална телевизија за ширење радио на нови начини е идеја што Синклер веќе ја истражува во Сиетл, промовирајќи го како нов начин за комбинирање на интернет и аудио преку радиоемитување. Синклер исто така започна со емитување на ATSC 3.0 од седиштето во Мериленд. Се наведува дека една од примарните цели на неговото работење, под посебна привремена надлежност од FCC (Федералната Комисија за Комуникации) во САД, ќе се фокусира на употребата на овие DRM услуги и другите карактеристики на апликациите за емитување на мали приемници.
Заедничката изјавата на Александер Зинк (Alexander Zink), виш менаџер за развој на деловната активност за емитувани апликации во Фраунхофер ИИС и на Марк Ајткен (Mark Aitken), постар потпредседател на групацијата Синклер Бродкаст и претседател на ONE Media 3.0, е дадена кон средината на минатиот месец, април. Како доказ за нивниот успех, Зинк го посочува ширењето на ATSC 3.0 во Јужна Кореја и САД и вели дека „бројот на земји со усвоен DRM е в постојан праст, ширум светот“. За потсетување DRM е дигитална радиоплатформа која користи xHE-AAC кодек и информативна услуга Журнал по барање. Се користи за среднобраново дигитално емитување во Индија и се натпреварува за обезбедување и FM услуги.
Ова ќе им овозможи на воспоставените DRM радиодифузери да создаваат една DRM содржина којашто потоа ќе ја дистрибуираат истовремено преку наменски дигитални преноси AM / FM и на дигиталната ТВ-платформа. Се наведува дека слушателите добиваат „непречено и целосно опремено дигитално радио искуство низ сите платформи за емитување“ со користење на кој било уред за прием, како што се радио и ТВ-приемници, мобилни телефони и приемници за автомобили.