Вестите пристигаат од Универзитетот во Мелбурн, каде истражувачите ексериментираат со супстанцијата хепарин како можна краткорочна заштита против ковид при апликација во носот. Но, пред да се опуштиме, потребно е да напоменеме дека до крајните резултати и реализацијата се потребни уште истражувања.
Истражувачите забележале дека прскањето хепарин врз епителните клетки спречува тие да се заразат со SARS-CoV-2, барем во ин витро (лабораториски) услови. Ако се покаже дека спрејот хепарин го има истиот ефект кај луѓето, може да добиеме едноставен, евтин спреј за нос којшто би помогнал во сузбивање на инфекциите со ковид-19. За да ја истражи до крај оваа можност, научниот тим подготвува клиничко испитување.
Хепаринот е молекула од семејството на гликозаминогликани, присутна на површината на голем број наши клетки, вклучувајќи ги и епителните клетки во носот, коишто ја чинат обвивката во внатрешноста на носот. Молекулата е позната по своите антикоагулантски својства, но освен оваа има и повеќе други, различни функции во нашето тело.
Во практиката, речиси 60 години наназад, хепаринот има широка примена како антикоагулант, одностно анти-тромботичен лек. Хепаринот претставува негативно наелектризирана молекула и е смесетен непосредно до ACE2 рецепторот којшто шилецот од вирусот SARS-CoV-2 го користи за да се закачи и да навлезе во човечките клетки. Шилецот од SARS-CoV-2 има позитивно полнење, па хепаринот го привлекува вирусот кој откако ќе се “закачи” за ACE2 рецепторот, навлегува во клетката каде може да се реплицира, предизвикувајќи инфекција.
Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн во лаборториски услови одгледале епителни носни клетки, по што го додале вирусот на ковид-19, SARS-CoV-2, а потоа медиумот во садот го преплавиле со хепарин. Било забележано дека хепаринот присутен во медиумот се врзувал за вирусот, ефективно спречувајќи го да навлезе во клетките. Хепаринот во медиумот понудил алтернативно место за врзување на вирусот, различно од хепаринот на површината на клетките, при што го “пресретнал” вирусот којшто инаку би се врзал за ACE2 рецепторите, спречувајќи ја инфекцијата. Тимот претпоставува дека прскањето хепарин во носот може да има сличен ефект на неутрализирање, но како што нагласуваат потребни се клинички тестови. Резултатите од истражувањто се презентирани во Cell.
Во рамките на едно друго постаро истражување, спроведено во болницата Сент Винсент во Мелбурн, истражувачите администрирале поголема доза хепарин на возрасни пациненти кои биле сместени на интензивна нега со примање на воздух преку вентилатор поради синдром на акутен респираторен дистрес. Студијата открила дека хепаринот не се апсорбирал во крвотокот при вдишување, намалувајќи ги несаканите ефекти и избегнувајќи го ризикот од крварење што се појавува при интравенска администрација.
Иако се смета дека лекот веројатно не би сторил ништо за да помогне при симптоматските инфекции, претпоставката е дека би можел да спречи болест ако се примени пред изложеност или пред да се појават симптомите при близок контакт со позитивен случај. Потенцијалот е значителен. Луѓето кои патуваат со авион, кои треба да транзитираат низ аеродроми, да седат со часови во авион со можни позитивни случаи и да поминат до две недели во карантин во некој хотел, би можеле да користат назален спреј со хепарин како превенција. Исто така, ако некој член на домаќинството е позитивни дијагностициран, хепаринскиот спреј би можел да помогне да се заштитат сите други членови на семејството од заразување со болеста.
Лекот е широко достапен и стабилен на собна температура, што го прави особено корисен за примена во земјите во развој и на места каде одржувањето на ниски температури потребни за другите лекови е речиси невозможно. Дополнителен бонус е тоа што хепаринот е евтин, со оглед на тоа што патентот за негово производство е истечен пред многу години. Интересно е што потенцијалната превентивна примена на хепарин како назален спреј би понудила заштита не само од ковид туку и за многу други работи – би го превенирала ширењето на настинката, респираториниот синцицијален вирус, како и на многу други патогени.