Климатологија
Драматични температурни промени и промени во врнежите доаѓаат за 70% од светската популација во следните 20 години. Промените се должат на високите емисии на стакленички гасови. Вака вели истражувањето чиишто резултати се објавени во Nature Geoscience. Истражувањето вели и дека драматичното намалување на емисиите би ја намалило оваа бројка на 20%.
Објавено на 10.09.2024 - 15:00

Автомобилска техника
По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, група студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку дена беше претставен на натпреварот „Алпе Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска.
Објавено на 10.09.2024 - 12:15

Историја и археологија
Серија гравури откриени на камени столбови кои датираат од пред 12000 години се можеби првиот пример на соларен календар во историјата. Многу пред папата Григориј XIII (1501-1585) и неговиот Грегоријански календар, Турците веќе ги следеле деновите, годишните времиња и годините со соларен календар. Ова се резултатите што произлегуваат од студијата објавена во Time and Mind, која ги анализирала гравурите во комплексот Гебекли Тепе, археолошки локалитет во јужна Турција кој веќе бил населен пред 12000 години.
Објавено на 07.09.2024 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Уметнички приказ на дел од Кајперовиот појас
Истражувањето на Кајперовиот појас што го реализира мисијата Нови Хоризонти (New Horizons) на НАСА откри популација на објекти во надворешниот Сончев систем што укажува на тоа дека Сончевиот систем формирал од многу поголем протоѕвезден диск отколку што тоа првично се мислеше.
Објавено на 06.09.2024 - 12:30

Физика
Еден нов вид 3Д печатено лепило би можело да го промени начинот на кој ги спојуваме материјалите. Досега, научниците развија два нови метода кои можат да создадат екстремно силни врски на ниво на пора, елиминирајќи ја потребата од дополнителни лепила при процесот на сврзување.
Објавено на 04.09.2024 - 18:15

Хемија
Поглед кон Арктичкото Море во близина на Свалбард од палубата на истражувачкиот брод Kronprins Haakon
Едно истражување откри можни кандидати за нови антибиотици во бактериите собрани од длабчините на Арктичкото Море. Резултатите од истражувањето, спроведено од група фински и норвешки научници, деновиве беше објавено во Frontiers in Microbiology.
Објавено на 03.09.2024 - 14:45

Медицина
Минатиот месец започна фаза 1 од големото испитување на mRNA вакцина против неситноклеточен карцином на белите дробови, со прелиминарни резултати кои се ветувачки. Испитувањето треба да заврши во јануари 2026 година.
Објавено на 02.09.2024 - 11:45

Омнибус
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител.
Објавено на 28.08.2024 - 18:15

Омнибус
Природно-математичкиот факултет на 29 и 30 август ги очекува пријавите од идните студенти – бруцоши, за новата учебна 2024/2025 година. Оваа година на Институтите на ПМФ за првиот циклус на студии ќе можат да се запишат вкупно 1030 студенти од Македонија и 32 студенти од странство.
Објавено на 27.08.2024 - 16:30

Омнибус
Факултетот за електротехника и информациски технологии, кој оваа година одбележува 65 години постоење, е подготвен за упис на новите бруцоши во учебната 2024/2025 година. Досегашната статистика на ФЕИТ вели дека интересот за сите седум студиски програми е подеднаков и студентите се запишуваат на посакуваната студиска програма во државна квота...
Објавено на 27.08.2024 - 14:45

Pages