Физика
Со порастот на лансирања на орбитлни сателити, повеќето вселенски агенции и приватни субјекти се нафатија да ги расчистат неупотребувани објекти во непосредната вселена, а тоа се прави со нивно согорување во атмосферата. При нивното контролирано урнисување, остатоците од разноразните вселенски мисии ослободуваат испарувања од согорените метали. Какви се последиците од ова за Земјата – сè уште не се знае
Објавено на 01.11.2023 - 14:30

Електроника
Истражувачите од Кина се занимаваа со слатка наука и констурираа евтин сензор со кој може да се тестира квалитетот на медот, односно неговата чистота.
Објавено на 01.11.2023 - 13:15

Медицина
Едно ново истражување ги предупредува здравствените работници дека антибиотиците што се користат за лекување на чести детски инфекции кај децата и бебињата во многу делови од светот, ја губат својата ефикасност поради развој на резистентност. Според новото истражување, многу од антибиотиците препорачани од Светската здравствена организација (СЗО) имаат ефикасност помала од 50% во лекувањето на детски инфекции од типот на пневмонија, сепса (инфекции на крвотокот) и менингитис.
Објавено на 31.10.2023 - 18:15

Аеронаутика
Турбуленциите во текот на летот може да бидат застрашувачко искуство. Да се потсетиме само на некои неодамнешни екстремни случаи: на 31 август 2023 година, авион на Делта ерлајнс кој полета од Милано на пат кон Атланта доживеа сериозни турбуленции за при приближувањето до аеродромот Хартсфилд – Џексон, како последица 11 лица беа повредени и транспортирани во болница веднаш по слетувањето; во март оваа година, едно лице почина од повреди здобиени за време на турбуленции на летот од Њу Хемпшир кон Вирџинија; истиот месец неколку патници кои патувале на дестинацијата Остин-Франкфурт беа хоспитализирани откако нивниот авион бил погоден од силни турбуленции во близина на Далс, Вирџинија. Она што загрижува е предвидувањето дека ваквите инциденти можат да станат сѐ почести. Еден американски старт-ап разви иновативна стратегија за укинување на ефектите од турбуленциите врз авионите, во корист на удобноста и безбедноста на летот.
Објавено на 31.10.2023 - 13:00

Информатика
Доктор Веб аналитичарите открија тројанци во голем број апликации на Google Play кои се инсталирани повеќе од 2 милиони пати. Станува збор за добро познатите тројанци „FakeApp“, „Joker“ и „HiddenAds“, кои со реклами ги бомбардираат корисниците на заразени уреди.
Објавено на 30.10.2023 - 17:30

Архитектура и градежништво
Па, ако ги нема Бехтел и Енка, некако ќе мора и да се снаоѓаме Шегата на страна, како што датумот за мисијата Артемида 3 наближува, научниците веќе прават планови за изградбата на месечева инфраструктура и патишта од топен реголит.
Објавено на 30.10.2023 - 17:00

Енергетика
Не стивнуваат реакциите од стручната фела во врска со контроверзниот избор на владата за изградба на ПАХЕ Чебрен. По минатонеделниот протест на инженерите вчера, во малата сала на Домот на култура во Битола, инженерите дискутираа за проектот „Чебрен“ и ги потенцираа фактите што власта упорно не ги кажува, а од кои е неоспорна неповолноста и скапата цена што сите ние ќе треба да ја плаќаме. Целата дискусија може да ја проследите на видеото во прилог.
Објавено на 29.10.2023 - 16:30

Телекомуникации
Мобилниот бренд на Леново Моторола повторно ја актуелизира идејата за свитлив смартфон во вид на нараквица. Приспособливиот дисплеј на Моторола имаше свое демо претставување на Lenovo Tech World '23 во Остин, Тексас, но ова и не значи дека бргу ќе го видиме и во продавниците.
Објавено на 27.10.2023 - 17:45

Аеронаутика
Во организација на здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје, оваа сабота (28. октомври) во Градскиот Парк во Скопје, пред Школка, со почеток во 11 часот, ќе се одржи третото издание на SKOPJE AIR FAIR 2023. Воздухопловно-едукативниот саем е под покровителство на Град Скопје и претставува шанса за младите да дознаат повеќе за најразличните професии во воздухопловството.
Објавено на 27.10.2023 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Како што откриваат истражувачите, црвената планета има густо јадро од течно железо опкружено со релативно тенок слој од стопени карпи. Откритието ја разреши загатката којашто потекна од сеизмичките мерења на Марс кои укажуваа дека планетата има изненадувачки големо а лесно јадро богато со елементи со мала густина.
Објавено на 27.10.2023 - 16:45

Pages