Ако се наоѓаме во вселенски брод што полетал од Земјата и се движи низ вселената постојано забрзувајќи, движејќи се сѐ побрзо и побрзо, кои оптички ефекти би можеле да ги видиме? Дали би можеле да ја достигнеме брзината на светлината? Што би се случило кога како во научнофантастичните филмови би се обиделе да го искривиме простор-времето за да може да патуваме побрзо од светлината, што би виделе тогаш?
Одговорите на овие прашања, спакувани во ова интересно 15-минутно видео, откриваат мноштво фасцинантни космички феномени, објаснети со општата теорија на релативитетот и со специјалната теорија на релативитетот...
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.