Срцето е првиот орган што се развива. Но, и покрај неговата важна улога, научниците знаат изненадувачки малку за тоа како точно се распоредени неговите клетки. А тоа набргу може да се промени...
Tим од истражувачи го комбинираше секвенционирањето на РНК со најсовремената технологија за правење снимки со единствена цел – изработка на досега најдеталната мапа на срцето. Тие се надеваат дека овој „атлас“ ќе им овозможи на научниците да се справат со вродените дефекти, кои се водечка причина за смрт кај доенчињата.
Извор Nature
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.