Омнибус
Со цел да се истакне важната улога на науката во општеството и потребата да се вклучи пошироката јавност во дебати за нови научни теми, по иницијатива на УНЕСКО, секој 10 ноември го одбележуваме Светскиот ден на науката за мир и развој. На овој ден се размислува и за важната улога што науката ја има во нашето секојдневие.
Објавено на 10.11.2023 - 14:15

Биологија
Животот не е лесен во густата крајбрежна вегетација. Кога лови, карипската медуза (Tripedalia cystophora) мора да се движи помеѓу потопените корени од мангрови дрвја. Нејзиното тело е кревко, а ризикот од судир мошне голем. За да не гладува, таа развила извонредна способност за движење низ оваа средина, а може да научи да избегнува и пречки, благодарение на нејзините минати искуства. Ништо од ова и не е многу чудно, со оглед на тоа што постојат многу животни што ги имаат истите способности. Но, постои една многу битна разлика: оваа медуза нема мозок! Па, како тогаш успева да учи?
Објавено на 10.11.2023 - 12:15

Медицина
Откажувањето од пушење е еден од најважните избори што може да ги направите за вашето здравје, а една студија објавена минатата недела во Science Advances посочува уште една причина зошто вреди да се обидете да ги оставите цигарите. Имено, пушењето цигари предизвикува опасни мутации во ДНК, мутации што го блокираат производството на протеини кои вообичаено го потиснуваат ракот со ништење на абнормални клетки. Се работи за молекуларен механизам со кој пушењето предизвикува тумори – прогресивна ерозија на нашата природна одбрана против заболените клетки.
Објавено на 09.11.2023 - 10:15

Информатика
Шпаркасе Банка ги известува студентите дека на 8 ноември е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе Банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС порака и, доколку го кликнат, ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост...
Објавено на 09.11.2023 - 08:45

Астрономија и астронаутика
Венера фотографирана во ултравиолетовo светлинско подрачје од вселенското летало Pioneer Venus Orbiter (Pioneer 12), на 26 февруари 1979 година
Атмосферата на Венера е речиси целосно составена од јаглерод диоксид, но германските астрономи открија кислород насекаде во атмосферата на планетата – и на нејзината дневна и на ноќната страна од планетата. Откритието може да помогне да се утврди зошто атмосферата на Венера е толку различна од нашата, а сознанијата би можеле да се искористат во поддршката на идните вселенски мисии на Венера.
Објавено на 08.11.2023 - 14:00

Омнибус
Поканата за овој, 31-ви по ред Меѓународен фестивал на аматерскиот документарен филм, ја прифатив со особено задоволство. Драго ми е што, ете, дочекав да присуствувам и на ова издание на Камера 300, како хроничар на оваа прекрасна манифестација од која многу научив за краткометражниот филм. Како дописник на Емитер ви ги пренесувам импресиите и резултатите од фестивалот.
Објавено на 07.11.2023 - 19:30

Медицина
Вообичаено батериите за пејсмејкер траат од 6 до 15 години. Тие можат да бидат вградени во левото рамо на пациентот со жици до срцето за погонување на пејсмејкерот или, пак, директно во срцето како кај безжичниот пејсмејкер или пејсмејкерот без електроди. За промена на батеријата потребна е хируршка интервенција, која може да биде особено комплицирана кај пејсмејкерот без електроди. Тим американски истражувачи разви безжичен пејсмејкер кој како извор на енергија користи отчукувања на срцето.
Објавено на 07.11.2023 - 15:15

Астрономија и астронаутика
На 4 мај 2022 година, лендерот InSight на НАСА забележа рекордно силен потрес на тлото на Марс. Со оглед на тоа што Црвената Планета не поседува тектонски плочи, се сметаше дека се работи за удар од метеорит. Непосредно пред неговата „смрт“ во декември 2022 година, што уследи откако прашината целосно ги покри соларните панели ефективно прекинувајќи го производството на електрична енергија, InSight на НАСА го забележа најсилниот земјотрес што некогаш бил откриен на Црвената планета, т.е. откако сондата слета на Марс токму со цел да ги проучува потресите. Сеизмограмот, протолкуван на Земјата, откри дека потресот бил со јачина од 4,7 степени и дека вибрациите се ширеле низ кората и обвивката приближно шест часа.
Објавено на 07.11.2023 - 11:30

Фототехника
Во среда, 8 ноември, во Културно Информативниот Центар – Скопје, во продажниот салон ќе се отвори завршната изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во јули, во село Цапари, во организација на единствениот Зрно-фестивал.
Објавено на 06.11.2023 - 17:45

Астрономија и астронаутика
Линиите на магнетно поле на Сонцето NSF/AURA/NSO
Од неодамнешните мерења од Сончевата динамичка опсерваторија (Solar Dynamic Observatory) на НАСА, кои откриваат брзо слабеење на магнетното поле во поларните региони на нашата ѕвезда, астрономите предвидуваат најнапред исчезнување на половите а потоа целосна инверзија на магнетното поле на Сонцето до крајот на оваа година. Што ова значи за Земјата?
Објавено на 03.11.2023 - 11:45

Pages