Аудио и видеотехника

Нашите слепи слушни тестови се збогатени со нов квалитет - професионални мерења, потполно исти со оние кои можете да ги видите во најпознатите светски Hi-Fi списанија: Stereophile, Hi-Fi News & Record Review, Audio, ... Ќе се уверите дека измерените карактеристики на звучниците во потполност одговараат на слушните впечатоци.


Електроника

Топлината е една од основните физички величини. Нејзиното мерење и преставување во нејзиниот квантитативен еквивалент – температурата преставува една од основните мерења не само во физиката туку и во многу други области на науката, па дури и во секојдневниот живот. Сигурно досега некои од вас веќе сретнале најразлични електрични кола кои го третираат проблемот на мерење на топлината односно на температурата.


Аудио и видеотехника

Во вториов дел од серијата за бас-рефлекс звучни кутии ќе ви го претставиме проектот за Hi-Fi звучникот Yummy 5, на кој практично ќе можете да видите некои проблеми кои се јавуваат при конструирањето на ваквите кутии.


Аудио и видеотехника

Поттикнат од носталгијата по старите добри уреди со електронски цевки, а секако и од појавувањето на неколку такви нови студиски уреди на пазарот, се одлучив овој пат да ви ги презентирам Manley Variable MU и Joe Meek VC1.


Електроника

Како да се надмудри природата со вештачка продукција на негативни јони во корист на нашето здравје? Крајно време е да ги искористите своите познавања од електрониката и направите нешто за подобро расположение, подобра микроклима и поволни биоенергетски полиња - изградете био-јонизатор.


Електроника

Продолжуваме со запознавањето со одличните карактеристики на микроконтролерот MC68HC11F1. Во овој завршен дел ги разгледуваме неговите операции ресет и прекин (interupt), режимите на ниска потрошувачка, програмабилниот тајмер, системот за сериска комуникација, системот за сериска периферна комуникација, аналогно/дигиталниот конвертор и програмерскиот модел.


Електроника

Оваа серија написи е наменета за оние кои сакаат да влезат во светот на практичната електроника. Се надевам дека со оваа серија написи ќе успееме да пополниме барем дел од огромната празнина што постои во Македонија на полето на практичната едукација во електрониката и дека многу идни електроничари своите први чекори во светот на електрониката ќе ги направат со помош на ЕМИТЕР и овој курс. Во овој број продолжуваме со објаснување на основните поими и закони во електрониката.


Електроника

Оние кои ја следеа серијата написи за програмот TANGO веројатно веќе стекнале некое искуство со овај програм. Но тој работи под DOS па затоа има и извесни недостатоци. Значи логичен напредок би бил да се премине на WINDOWS окружување и програмата Protel. Во ова продолжение од серијалот ќе се позанимаваме со печатењето шеми на принтер, цртањето на плочка со печатено коло (команди, подесувања и пример), и печатење на поедини слоеви на плочката.


Аудио и видеотехника

За вибрациите во каблите и проблемите кои поради тоа се јавуваат најмалку се знае. Не само затоа што каблите се (веројатно) најмалку осетливи на нив, туку пред сè затоа што многу малку аудиофили се свесни за фактот дека вибрациите на кабелот можат да ги деградираат особините на аудио сигналот. За ова сведочат многу аудиофили ширум светот.


Електроника

Во овој број, како што ви ветивме, продолжуваме со едноставни конструкции на електронски уреди односно кола. Тема на овој текст е изработка на трепкач односно уред кој ќе генерира периодично палење и гасење на некоја сијаличка.


Електроника

Прикажаното коло моно аудио сигналот од влезот го обработува и обезбедува "лажен" стерео сигнал за влезот на некој засилувач.
Најчесто кога се изработуваат вакви кола се изведува едноставно поместување на фазата на сигналот за 180°. Ова коло не врши измена на фазата на сигналите од бас секцијата, а фазата на средните и високите фреквенции ја поместува со променлива вредност. Ова на изворниот моно сигнал му дава специфична просторност.


Аудио и видеотехника

До пред неколку години постоеше потсмешливо тврдење дека дигиталното аудио претставува празна лага сè додека да се појави дигиталниот микрофон. Без оглед на сè, најголемиот натпревар во аудиото се состоеше во тоа кој ќе успее да ја вметне дигитализацијата што поблизу кон почетокот на каналот, односно кон појдовниот извор на сигналот.


Електроника

При големи струи, падот на напон во директна насока кај некои Силициумски диоди станува 1 В, па и повеќе. Ова се разбира е непожелно бидејки големиот пад на напон значи и голема дисипирана моќност. Колото кое е претставено на сликата нуди едно решение на проблемот.


Електроника

Ова коло претставува напонски контролиран стерео предзасилувач чие засилување може да се регулира во опсег од 90db со напон од 0 до 15V. Максималното засилување е ограничено на +20db и тоа е при напон од 0V, а минималното засилување е при напон од +15V и изнесува -70db.


Омнибус

Радиооператорски собир Кавадарци, 22/23.11.1997г.;
50 години Радио Клуб
"Никола Тесла" - Штип;
"АРО";
Правила за КБ-натпреварот
"Гоце Делчев";
Правила за натпреварот PACC;
DX – информации;
Правила за дипломата Better World “B.W.W.”;
Z3 - DXCC почесна листа;
Правила за дипломата “Lisboa - Expo ‘98”;
Правила за освојување на дипломите на C.R.C.
Календар за меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

HI-FI информации;
FT-2400H;
Нов систем за изработка на прототип ППК;
"Безжичен" леткум;
Едно електронски кола: сон или реалност?;
NTSC/PAL во дигитален конвертор;
Водич за електромагнетната интерференција;
Дигитално пенкало;
Поевтинување на млазните печатари;
GROOVE на дофат


Писма
Ах, тие калеми
PC управувач