Омнибус

Следејќи ја науката во разни нејзини области, американските списанија Discover и Science објавија ранг-листи на научни остварувања и сознанија, кои во 2006 година биле "топ-теми". Ранг-листите меѓусебно се разликуваат, но тоа е поради големата конкуренција. Особено долга е листата на списанието Discover, таа содржи дури 100 научни "топ-теми", но ние немаме просторни можности да ги опфатиме сите нив, па ќе се ограничиме само на првите 10 најекспонирани теми.


Омнибус

Најсилната DVD камера на светот;
Сатурн одозгора;
Откриен сателит на астероидот Курск;
Monsterpod - фотостатив за секого и во секое време;
NOD е најбрзиот антивирус програм на Windows Vista;
Што се случува кога спиеме;
Чудесно, кога те набљудуваат...;
PCI-Express 2.0;
HP Dream Color;
Набљудување на затемнувањето на Месечината во Скопје;
ABN-AMRO го избра HP;
HP All-in-one серија 7000;


Автомобилска техника

Речиси и да не постои некоја поголема и позначајна автомобилска изложба на која Ситроен (Citroën) не прикажува некое концептно возило со кое француската марка секогаш одново ја искажува својата креативност. Како еден од неговите најнови такви проекти, C-Metisse веднаш открива дека се работи за концептно возило направено со многу страст и задоволство.


Автомобилска техника

Го развил концептот на преносникот, а потоа основал фабрика која ја развил до најголем производствен капацитет на автомобили во Франција.


Астрономија и астронаутика

Во почетокот на деведесеттите години на минатиот век Американците почнале да бараат замена за веќе времешниот Спејс Шатл, кој се покажал како поскап и понесигурен од дотогашните космички бродови и ракети-носачи за еднократна употреба. По многу отфрлени револуционерни дизајни, на почетокот на дваесет и првиот век, Американците се одлучиле за летало кое максимално ќе се базира на елементите од Спејс Шатл и Аполо.


Астрономија и астронаутика

Во февруарскиот број на ЕМИТЕР се запознавме со соѕвездието Орион, додека во минатиот број ви ги претставив Орионовиот молекуларен облак и маглините Оган и M78. Ова соѕвездие изобилува со објекти, па и во овој број ќе продолжиме со два негови уште поинтересни и поегзотични "жители" - маглините Барнардовиот лак и Коњската глава.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на Лиридите.


Аудио и видеотехника

Во изминатите три продолженија ги обработивме основните теоретски разгледувања во ова област како и мерните постапки за добивање на параметрите на еден звучник. Ни останува да го примениме стекнатото знаење низ конкретни примери. Теоријата и праксата често знаат да одат по различни патеки за, на крај, да се соединат во едно исто творечко дело!


Аудио и видеотехника

Електронскиот гигант Sony го претстави својот нов компактен и лесен професионален HDV камкордер (камера + рикордер), наречен HVR-V1E. Камкордерот Sony HVR-V1E не е наменет само за снимање обични телевизиски емисии, туку и за снимање вистински филмови! Тоа му го овозможува високата резолуција од 1920x1080 пиксели, според HDV (High Definition Video) стандардот.


Електроника

Во овој дел на написот, кој ќе го означи крајот на овој проект, ќе биде опишан изборот на звучникот и изработка на дрвената кутија на "Гитарскиот засилувач". Ако успеете финансиски со своите способности, знаења и талент да го совладате овој најкритичен дел од проектот, по мое мислење ќе добиете одличен гитарски засилувач кој ќе може да се носи со исти такви производи што можете да ги набавите на нашиот пазар, се разбира, со многу повисока цена.


Електроника

По Омовиот закон следуваат Кирхофовите закони за напон и за струја во одредени конфигурации на електрично коло. Ако Омовиот закон го уредува однос меѓу струјата, напонот и отпорот меѓу две точки, Кирхофовиот закон за напон (II Кирхофов закон) го одредува односот на напоните на деловите од едно затворено коло, а Кирхофовиот закон за струја (I Кирхофов закон) го одредува односот меѓу струите на еден јазол на електрично коло.


Електроника

Секој електроничар, професионалец или аматер, треба да има извор на еднонасочен напон со мала моќност и можност за регулација. Овие извори најчесто се користат при експериментирањето со едноставни кола со дискретни елементи. Најчесто, овие извори се реализираат со кола за напонска стабилизација кај кои напонот на излезот се регулира со потенциометар. При тоа регулацијата е континуална, а напонот на излезот се проверува со мултиметарот со кој обично работиме сé.


Информатика

Долго време повисоките перформанси на процесорите се добиваа со подигање на работната фреквенција на процесорските јадра. Но, фамозната граница од 4 GHz го спречи ваквиот понатамошен развој, кој веќе започна да се движи во друга насока. Производителите на процесори пронајдоа друг начин за зголемување на перформансите. Тие едноставно го продолжија развојот на процесорската снага (читај брзина) започнувајќи со производство на повеќејадрени процесори.


Информатика

Во еден од претходните броеви на ЕМИТЕР го претставивме серискиот порт (RS-232) со детално објаснување на сите негови сигнални линии и пинови. Во овој напис ќе се задржиме на паралелниот порт, којшто верувам дека им е еден од поинтересните на електроничарите кога станува збор за експериментирање на релација компјутер - електронски уред.


Информатика

Популарноста MP3-форматот е поголема од кога и да е. iPod од Apple, Zune од Microsoft и сите други MP3-плеери никогаш не би постоеле да не е овој одличен формат. Во овој напис ќе ви прикажеме неколку програми со кои вашите омилени аудиодискови ќе ги претвориме во MP3 аудиодатотеки за вашиот MP3 плеер. Ќе тестираме неколку програми кои најверојатно ќе ги најдете инсталирани на вашиот компјутер.


Информатика

Компанијата Hewlett Packard (HP) е позната по нивната понуда на преносни печатачи. Долги години наназад оваа компанија имаше разновидна понуда на вакви печатачи, кои, се разбира, со текот на годините го менуваа својот изглед и функционалност. Но, за сите нив заедничко е тоа што имаат мали димензии и што можат да се сместат на многу мал простор, во случајов во специјална торба која доаѓа заедно со комплетот. Да, да добро прочитавте.


Информатика

Во време кога силно го чувствуваме импактот на интернет-револуцијата во сите сегменти на нашето живеење, еминентни стручњаци што ја анализираат оваа проблематика велат дека ниту информацијата сама по себе, ниту пак вештачката интелигенција и компјутерите не се тие што го "потхрануваат" овој импакт.


Телекомуникации

Во изминативе неколку години во Европа дигитализацијата во радиодифузијата станува вистински бум. После дигиталната сателитска и кабелска телевизија, на ред доаѓа и терестријалната (кај нас можеби повеќе позната како телевизија што "оди" преку етерот). Можеби и вие некаде сте слушнале или прочитале дека во Европа најдоцна до 2012 година овој процес на дигитализација, т.е.


Физика

Мордехаи Милгром, научник од Израел, се обидува да ја објасни структурата на универзумот без потребата од постоење на "темната материја". Во таа насока тој предложил "нова физика", која ги "соборува" Њутн и Ајнштајн, и го менува принципот на кој универзумот се држи во заедница.


Архитектура и градежништво

Безбедноста на корисниците и на нивните моторни возила е еден од примарните услови што ја одредуваат популарноста на една јавна паркинг-гаража, а со самото тоа и нејзината искористеност, т.е. ефикасност. Заштитата од издувните гасови, чадот и топлината на несаканите опожарувања, се стандардни безбедносни приоритети на секој објект од ваков тип, унапредени на едно повисоко ниво со помош на сé популарниот "импулсен систем за вентилација".


Аудио и видеотехника

Студијата за вести стануваат сé поголеми и поубави. Целта при дизајнирањето е тие да бидат подинамични, пријатни и блиски како амбиент до гледачите, што поистовремени со случувањето и со квалитетен и јасен електронски приказ на екранот. На што треба да се внимава при дизајнирање на едно студио за вести, како да се дизајнира за да биде соодветно за HD-ерата што настапува?


Електроника

Бројачот кој ќе биде опишан во текстот што следи може да се користи за многу различни потреби, но секако за читателите на ЕМИТЕР ќе биде прилично атрактивна употребата како бројач на навивки при намотувањето на трансформатори, калеми и друго. Задавањето на потребниот број на навивки е со помош на обични преклопници. Во моментот кога ќе се достигне претходно зададениот број на навивки, уредот го исклучува моторот со кој се придвижува телото на кое се мотаат навивките.


Електроника

Опишаниот проект претставува едноставен електронски уред, кој дополнително се вградува во постоечкото напојување на компјутерот со цел да обезбеди електронска пренапонска заштита на составните компоненти на компјутерот: матична плоча, процесор, хард диск, меморија, дискетна единица, CD и DVD-драјв.


Роботика

Пред околу десетина години, кога ги правев моите први чекори во полето на информатичката технологија, случајно налетав на еден постар текст кој носеше наслов "Персонален компјутер во секој дом". Текстот беше напишан од, за мене тогаш релативно непознатиот, Бил Гејтс и во него авторот ги имаше дадено своите предвидувања дека персоналните компјутери ќе станат дел од нашето секојдневие, предвидување кое во периодот кога јас го читав текстот речиси беше исполнето. По неколку години пак случајно налетав на уште еден текст од г. Гејтс, за чие животно дело веќе бев добро информиран. Во новиот текст чичко Бил го искажуваше своето ново предвидување кое гласеше: "Компјутер во секој џеб!". Иако тогаш незамисливо, денес сме сведоци дека визијата на сопственикот на Мајкрософт е речиси остварена. Пред два месеца нашиот модерен Нострадамус, во списанието Scientific American го објави своето најново предвидување: "РОБОТ ВО СЕКОЈ ДОМ!". Во продолжението на овој напис дознајте од каде Бил Гејтс ја добил идејата, до каде е стигнат развојот на оваа индустрија, како и која е нејзината иднина.


Писма
Пресметки за свртници на звучни кутии
Музика од PC преку FM предавател
Помош за програмирање PIC16F84
Кои звучници?