Рубрика: Роботика
Од научна фантастика до реалност
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред околу десетина години, кога ги правев моите први чекори во полето на информатичката технологија, случајно налетав на еден постар текст кој носеше наслов "Персонален компјутер во секој дом". Текстот беше напишан од, за мене тогаш релативно непознатиот, Бил Гејтс и во него авторот ги имаше дадено своите предвидувања дека персоналните компјутери ќе станат дел од нашето секојдневие, предвидување кое во периодот кога јас го читав текстот речиси беше исполнето. По неколку години пак случајно налетав на уште еден текст од г. Гејтс, за чие животно дело веќе бев добро информиран. Во новиот текст чичко Бил го искажуваше своето ново предвидување кое гласеше: "Компјутер во секој џеб!". Иако тогаш незамисливо, денес сме сведоци дека визијата на сопственикот на Мајкрософт е речиси остварена. Пред два месеца нашиот модерен Нострадамус, во списанието Scientific American го објави своето најново предвидување: "РОБОТ ВО СЕКОЈ ДОМ!". Во продолжението на овој напис дознајте од каде Бил Гејтс ја добил идејата, до каде е стигнат развојот на оваа индустрија, како и која е нејзината иднина.

За многумина научната фантастика (било тоа да е пишана или филмувана верзија) е нешто далеку од реалното, но сепак факт е дека истата претставува еден вид на “водач на орото” кој денес го насочува размислувањето за развојот на технологијата како кај широките народни маси така и кај научниците. Додека старите цивилизации и култури инспирацијата на својот развој ја барале во боговите и хероите од нивното минато, денешниот човек инспирацијата ја бара во својата иднина, а повеќето иднината ја поистоветуваат со фабулата на научно-фантастичните филмови. Доколку соберете група деца и го теститате нивното знаење со “едноставни” прашања од типот кој бил Јода, кое е значењето на Силата, или, пак, што значи асимилација од Боргите, сигурен сум дека ќе бидете изненадени од нивното знаење. Секако, составен дел од оваа “модерна митологија” се и Командант Дата, C-3PO, R2-D2, Терминатор, РобоКоп итн. Големата популарност на роботите како дел од научната фантастика секако е добар знак дека еден ден овој тип на машини ќе бидат составен дел од нашето живеење и ќе ни помагаат при извршувањето на секојдневните задачи.

Роботи, роботи насекаде – од индустриските погони до нашите домови

Во овој напис говориме за роботите низ историјата, примената на роботите денес, проблемите при развојот на роботите и, се разбира, за иднината на роботите.


Трите закони на роботиката

Писателот Исак Асимов (Isaac Asimov) ги популаризирал термините робот и роботика во своите научно-фантастични романи и приказни. Асимов е визионер кој во 30-тите години од минатиот век го замислил т.н. “електронски мозок”, кој ги контролирал роботите во неговите приказни и кој претставувал предзнак на дигиталните компјутери. Исто така, Асимов ги има поставено и Трите закони на роботиката кои и ден-денес претставуваат основа при конструкцијата на роботите и на кои подоцна им е додаден уште еден Нулти закон:

0. Роботот не смее да го повредува човештвото или со недејствување да му дозволи на човештвото да повредува.
1. Роботот не смее да повреди човечко суштество или со недејствување да му дозволи на човечко суштество да повредува.
2. Роботот мора да ги почитува наредбите зададени од човечките суштества, освен ако таквите наредби се спротивставуваат на Нултиот или Првиот закон.
3. Роботот мора да се штити себеси, сè додека таквата заштита не се спротивставува на Нултиот, Првиот или Вториот закон.

Клучни зборови:
Производствена линија составена од индустриски роботи конструирани од КУКА Роботикс.

Производствена линија составена од индустриски роботи конструирани од КУКА Роботикс.

Роботот-правосмукалка го чисти подот без ваша помош.

Роботот-правосмукалка го чисти подот без ваша помош.

Една од модерните играчки со кои можете да разговарате – Honda Asimo

Една од модерните играчки со кои можете да разговарате – Honda Asimo 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.