Рубрика: Информатика
Четиријадрени процесори
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Долго време повисоките перформанси на процесорите се добиваа со подигање на работната фреквенција на процесорските јадра. Но, фамозната граница од 4 GHz го спречи ваквиот понатамошен развој, кој веќе започна да се движи во друга насока. Производителите на процесори пронајдоа друг начин за зголемување на перформансите. Тие едноставно го продолжија развојот на процесорската снага (читај брзина) започнувајќи со производство на повеќејадрени процесори. Иако во теоријата архитектурите со повеќе јадра се познати одамна, тие дури сега го добија своето место и во праксата. Во моментот кога Интел го претстави својот нов четиријадрен процесор, тој се здоби со значителна предност во однос на конкурентот АМД. Нудејќи на пазарот еднојадрени и двојадрени процесори, АМД навистина го задржа приматот на тоа поле, но очигледно остана чекор назад во однос на повеќејадрените процесори. Сепак, АМД не би бил достоен противник кога не би имал соодветен одговор.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.