Интел ја претстави петтата генерација од семејството процесори Intel Core. Петтата генерација го користи најсовремениот 14 nm прозводствен процес и ветува уште подобри перформанси, прекрасна графика и подобрен работен век на батеријата. Подобрените перформанси според производителот, овозможуваат дополнително природни и интерактивни искуства со технологијата Intel RealSense, Intel Wireless Display (Intel WiDi) и со гласовните асистенти. Микроархитектурата Broadwell се очекува да биде најбрзата мобилна транзиција во историјата на компанијата, нудејќи им на потрошувачите широк избор и достапност на уреди. Процесорите од петтата генерација на Интел се направени за следната генерација компјутерски уреди со цел да понудат тенки, лесни и поефикасни искуства преку традиционални лаптопи, уреди 2 во 1, сè во едно (Аll-In-One) и mini-компјутерите.
Интел, исто така, ја започна испораката на својата следна генерација на 14 nm процесори за таблети, со кодно име Cherry Trail. Новиот систем на чип ќе понуди нови искуства како Intel RealSense технологија, безжично поврзување и Intel Context Aware технологија. Новите продукти, базирани на Cherry Trail, ќе бидат претставени во првата половина од 2015 година.
За повеќе информации за овие продукти, погледнете ги спецификациите на 5th Gen Intel Core и Cherry Trail