Чекајќи го со нетрпение новиот број на ЕМИТЕР со второто продолжение на LC-метарот, веројатно повеќепати го препрочитавте текстот и ја разгледавате шемата од претходниот број. И конечно, стигна новиот ЕМИТЕР, со далеку поинтересниот 2. дел - изградба на LC-метарот. Со мала инвестиција, малку искуство, малку знаење, но со многу љубов, желба и наши напатствија, самоуверено зачекорете кон патот на реализацијата - успехот нема да изостане!