Емитер 6/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Уредот претставен во овој напис може да се употреби за неколку различни примени. Имено, целиот уред претставува еден извор на трепкачка светлина и еден сензор, приемник на трепкачката светлина. Намената е повеќекратна: може да се користи како алармен сензор, како едноставен прекинувач кој се активира со поминување на раката на одреден дел од просторот, како детектор дали некој предмет е поместен... Овој уред би се користел како алармен сензор ако изворот е поставен наспроти приемникот или ако изворот и приемникот се поставени еден до друг на едно место, а наспроти нив е поставен предмет кој добро ја рефлектира светлината, па кога меѓу сензорот и рефлектирачкиот предмет ќе се попречи предмет со помала рефлексија и ќе ја прекине светлината ќе се активира алармот. Исто така, сигурно многумина го сретнале овој уред во поексклузивните тоалети на некои хотели каде водата се пушта со поставување на раката под чешмата или со поставување на рацете под сушилката за раце која во тој момент се вклучува, а кога ќе ги тргнеме рацете сушилката се исклучува. Сето ова може да се изведе со помош на овој уред. Кај нас дома можеби нема да имаме многу потреба за вакви ексклузивни уреди, но сепак можеме со минимални преправки да го направиме уредот да ни ја вклучува светлината со кратко преминување на раката преку овој сензор кој ќе биде поставен на местото на стариот прекинувач.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.