Емитер 6/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Отсекогаш сме се обидувале да ги дознаеме мистериите за тоа како функционира нашиот ум? Како можеме да ја распознаеме интелигенцијата од неинтелигенцијата? Ценетиот професор и коосновач на лабораторијата за вештачка интелигенција при Институтот за технологија, Масачусетс (M.I.T.), Марвин Мински, одговорите на овие прашања ни ги дава во неговото капитално дело "Општеството на умот" (The Society of Mind), што е и наша тема на обработка во овој напис. Она што следи во продолжение е вовед во една од основните но и суштински теории на вештачката интелигенција и како полесно да ги сфатиме елементите на вештачката интелигенција преку едноставно проучување на човечката интелигенција.
Професорот Мински, обидувајќи се да ни ги разјасни вечните мистерии на интелигенцијата н# води кон една прекрасна револуционерна теорија. Теорија која ни ги симплифицира апстрактите за функциите на умот со тоа што претпоставува дека може да се изгради модел на умот составен од повеќе помали делови, секој дел со мал свесен капацитет, а сè со цел подобро да ги разбереме основните елементи на вештачката интелигенција. Оваа теорија или шема, како што ја нарекува Мински, е наречена “Општество на умот” од каде и потекнува насловот на неговата книга. Во оваа шема каде што секој ум е составен од повеќе помали процеси, се воведува нов термин каде што тие помали процеси се нарекуваат агенти.
Секој ментален агент може да извршува едноставна функција која не бара размислување или пак интелигентна заднина, воопшто. Но, кога ќе здружиме повеќе вакви ментални агенти во едно “општество”, поврзани на некој специфичен начин, тогаш добиваме еден ментален склоп на вистинска интелигенција.
Тука се поставува прашањето, дали преку оваа теорија, како основа за вештачката интелигенција, можеме во целост да сфатиме како функционира нашиот ум?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.