На 13 и 14 ноември во организација на проектот ИНОФЕИТ ЕДИХ и партнерот СОЛВЕО ќе се одржи хакатон на тема – AI ADAPTATION GUIDE HACKATHON: EMPOWERING BUSINESSES & INSTITUTIONS каде главен предизвик е креирање на дигитални и АI алатки за организации.
Сакате да ги искористите можностите на вештачката интелигенција? Само 40 места се слободни за учесници (студенти/претпиемачи) кои ќе добијат шанса да работат со над 10 AI експерти и да освојат 1 година бесплатни бизнис консултинг и подршка за инвестиции при лансирање на нивното решение.
Овој хакатон е дел од Digi Edu HACK,со фокус на дигитални иновација во образованието, поддржан директно од Европската унија како дел од Акцискиот план за дигитално образование 2021 – 2027. DigiEduHack 2025 ќе се одржи истовремено во над 25 земји, обединувајќи над 10.000 учесници.
Кој може да учествува?
Секој претприемач или студент во тим од најмалку 2 лица што има идеја и желба да развие AI алатки и ресурси за бизниси и јавни институции.
Предизвикот e:
Развивање на нови стартап бизниси фокусирани на комплетни AI адаптациски водичи или сетови на алатки кои ќе им помогнат на МСП и јавни институции во процесот на дигитална трансформација.
Датум и место:
13 – 14 ноември 2025, ИНОФЕИТ, Ругер Бошковиќ бр. 18, – Скопје, Северна Македонија.
За пријава и повеќе информации посетете ја веб-страницата digieduhack Не заборавајте да се пријавите најдоцна до 5 ноември !