Електроника

Штимерот е неопходна алатка за секој гитарист. Во овој проект е прикажан штимер, односно фреквенциски нагодувач за гитара, кој е реализиран со микроконтролерската развојна плочка Ардуино Уно. Со него се овозможува точно и лесно нагодување на гитарата. Во написот е даден краток осврт на основните физички принципи кои ја опишуваат гитарата, по што детално е опишан дизајнот на електричното коло и алгоритмот за детекција и одредување на фреквенцијата на жиците на гитарата. Тестирањето на штимерот покажа дека тој функционира правилно и ги исполнува предвидените цели. 


Аудио и видеотехника

Многу често ќе ги чуете аудиофилите како со беспоговорна ароганција тврдат дека не постојат два различни засилувача со идентичен звук. Сите тие сигурно не слушнале за американскиот конструктор и производител на засилувачи Роберт (Боб) Карвер и за неговиот јавен предизвик од пред точно 40 години. Имено, тој ги предизвикал најпознатите светски hi-fi списанија од тоа време дека ќе успее во рок од само 48 часа да го наштима својот најнов транзисторски засилувач да даде звук идентичен со кој било друг засилувач што ќе го изберат, вклучувајќи ги и засилувачите со електронски цевки (ламби)! Притоа, се обврзал дека нема да ја смени топологијата на својот засилувач (!) и дека нема да ги смени употребените транзистори (!), туку дека по потреба само ќе ги менува работните точки на транзисторите и негативната повратна врска – а тоа е само промена на вредностите (и евентуално нивниот број) на некои од употребените кондензатори и отпорници! Резултатите од тој предизвик се запишани со златни букви во светската историја на аудиотехниката, како The Carver Challenge (Карверовиот предизвик).


Информатика

Реалниот свет претставува множество на едноставни, посложени или многу комплексни системи во кои се одвиваат најразлични процеси со различни учесници, објекти, правила, услови и слично. Често е потребно таквите сложени системи да се анализираат како функционираат во реални услови. Но, таквите анализи се одвиваат со големи потешкотии или пак се невозможни од повеќе аспекти: финансиски, опасност од хаварија, невозможност да се створат реални услови, системот не е реален туку виртуелен и слично. Со развојот на компјутерите, стана возможно да се реплицираат различни процеси од реал­ниот свет во виртуелниот свет и да се модифицираат нивните параметри за да се дојде до ново или да се пот­врди постоечкото знаење. Во оваа смисла, развиена е компјутерска симулација...


Аеронаутика

Летањето на човекот отсекогаш живеело во мечтите и била негова омилена опсесија. Со поглед насочен нагоре копнеел да лета како птиците. Му требале само доволно големи крилја што ќе го понесат во воздухот, соодветно прицврстени на него и со можност за управување. Во реалноста, летањето романтично почнуваше од поединци, се развиваше во воената индустрија и бизнисот, и стана дел од човештвото. Крилата за слободно летање и ултралесните летала во масовно производство се појавија последни и се единствените нешта кои својата примена прво ја најдоа во цивилството – за забава, спорт и задоволство на луѓето, во една космополитска атмосфера и заедница.


Електроника

Овој електронски склоп е многу корисен затоа што спречува „прегорување” на осигурувачот во моментот на вклучување на некој електричен уред. Освен тоа, го продолжува животниот век на електричните уреди приклучени на него. Се препорачува користење на ваков склоп кај сите електрични уреди кои користат трансформатор помоќен од 300 VA.


Електроника

Изработката на совршен аудиозасилувач е сон на речиси секој аудиофил-електроничар. А потрагата по совршенството, од првите обиди за изработка до креирањето засилувач со одлични карактеристики, стокмен и спастрен да работи беспрекорно, секако дека не е без предизвици. Но, учењето од грешките и истрајноста да се постигне конечната цел секако е формула за успех и врвно постигнување, во случајов “расен” хај-фај примерок во облик на аудиозасилувачот Крешендо Милениум Едишн. 


Астрономија и астронаутика

Научните експерименти кои ќе бидат изведени од комплексниот пакет инструменти на вселенското летало треба да откријат дали на јупитеровата месечина Европа има услови кои би можеле да поддржат живот.


Информатика

Квантен компјутер, за што е потребен и како е изграден? Кои се ограничувањата на класичните компјутери? Кои се проблемите при изработката на квантните компјутери, и што е квантна надмоќ? Каде и како се употребуваат квантните компјутери?

Во написов што следи даваме одговор на овие прашања.


Аудио и видеотехника

Телепромптер е направа која едноставно функционира и овозможува уникатен пристап до следење и читање на податоците. Ја користи рефлексијата и транспарентноста на стаклените површини. Денеска ниту една телевизија неможе да ја замисли својата продукција без телепромптерите. Автомобилската индустрија веќе почна да ги применува телепромптерите.  


Аудио и видеотехника

Слушните тестови во ЕМИТЕР секогаш подразбирале потрага по совршенството, по она мистично искуство што техниката, најчесто во вид на некој егзотичен или расен хај-фај примерок, го испорачува во вид на аудитивна надразба до нас. Но, овојпат пред нас немаме реди-мејд уред од некој познат или извикан производител. Пред нас исправен беше засилувачот Крешендо Милениум, изработен како самоградба. Ова се нашите импресии од средбата со овој нов вид  егзотична ѕверка.


Аудио и видеотехника
Награ VII  - флексибилен уред кој може да се прилагоди на мноштво специфични апликации во зависност од инсталираните внатрешни опции

Повод за написов е една информација што ја сретнав : “За да ја одбележат нивната 70-годишнина, производителот на високо­квалитетна аудио опрема Nagrа ги здружи силите со препоз­натливото име за аудиофили 2xHD за да состави и издаде албум за прослава на 70-годишнината. 2xHD сега ја нуди оваа колекција на снимки во формати за преземање DXD и DSD со висока резо­луција, како и винил. Албумот е ексклузивно достапен во DSD 512 во NativeDSD Music, како и 200 g винил или аналогна лента. Колекција на Nagra 70th Anniversary (45 вртежи во минута 200 g винил): Арон Дејвис, Бил Еванс, Бади Тејт, Баз Брас, Дејвид Пилч, Фредерик Алари, Луис Армстронг, Марк Вали трио, Марлен Вер Планк, Мелани Барни, Монти Алексан­дар, Пилч и Дејвис, Ширли Хорн, мрежата Л.А., Трио де Курда''


Телекомуникации

Конечно е подигната првата експериментална радиоаматерска антена за долги радио бранови во Македонија, за фреквентно подрачје од 136 kHz, односно бранова должина од 2200 m (low frequency - LF band). Ова е воедно и првата радиоаматерска антена во Преспа, што ќе може да се користи и за средни бранови, а во перспектива и за многу долги, мирјаметарски бранови (VLF).


Автомобилска техника

Поделбата на мотоциклите мо­же да биде според намената, из­глед­от, моќноста и друго. Спорт­ските правила прават една по­дел­ба, комерцијалните промоции дру­га, прописите, технич­ките лица и клубовите некоја своја поделба, а компаниите си тераат по свое. Motorciklot CFMOTO V5 (Legacy) од мал патнички мотор, налик на ми­ни крузер и градски скутер, нап­равен е „Хајкер” што подналикува на скрам­блер и/или дуал-спорт, предвиден за возење по суви окол­ни патишта со и без асфалт. Не припаѓа во ниту една кате­го­рија мотоцикли, поточно се соз­дава нова „мотохајк” или „хајкер” категорија ("motohike category" / "hiker"), што за намената одговара пре­водот „излетник”, некој што оди на излет по суви земјани колски патишта.


Автомобилска техника

Македонскиот тим МЕС Рејсинг, составен од 20 студенти од три факултета од кампусот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје – Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Економскиот факултет, го создаде првиот македонски тркачки автомобил во стил на формула од мали размери, со кој се натпреваруваше во регионалиот натпревар Алпе Адриа. Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто што го направивме со членовите од тимот.


Астрономија и астронаутика

Научниците ги набљудуваа остатоците на две галаксии распаднати пред околу една милијарда години. Во нив тие го пронајдоа наблискиот пар на супермасивни црни дупки до нашата планета. Се работи за бинарен систем на црни дупки – вистински чудовишта, кои се “криеја” во остатоците на космичката колизија помеѓу две спирални галаксии што се случила пред околу милијарда години. Црните дупки се оддалечени 90 милиони светлосни години од нас.


Астрономија и астронаутика

Група истражувачи ја тестирале со ласерска симулација опцијата, според која “клучниот” креатор за појава на животот на Земјата можеби била хемиска реакција предизвикана од топлинската енергија продуцирана од удар во Земјата на некој поголем астероид. Експериментот ја потврдил појавата на основните хемиски компоненти што ја сочинуваат органската материја РНК, но дали тоа бил почетокот на појава на живот на Земјата?


Автомобилска техника

Оваа тема е недоволно разработена во стручната литература од оваа сфера, а во македонската стручна литература јас досега воопшто немам сретнато текст или есеј на оваа тема. Токму тој факт ми беше пре­дизвик да фрлам малку светло на ова мошне интересно прашање и, во својата суштина, енциклопедиски пр­еглед на темата. Разработката на темата е мошне незгодна од повеќе причини –  брзиот развој на техниката и техно­ло­ги­ја­та на мото­рите СВС, промените во екс­пло­а­тацио­ните параметри на маши­ните, промените во производствените техно­ло­гии итн. Но, се­пак, постојат некои конс­танти во парамет­рите и на моторите СВС и на машините и технологиите каде овие мотори се користат и токму тој факт ќе ја овозможи реализа­цијата на овој стру­чен труд, кој се надевам дека ќе наиде на добар прием кај чита­телите на ЕМИТЕР.


Електроника

Во овој напис за сите љубите­ли на аудиотехниката ќе ви прет­ставиме едно решение на стерео аудиозасилувач, кој во себе ин­те­грира предзасилувач од еден производител и излезен степен од друг производител на аудио­за­силу­вачи. Овој засилувач има синусна моќност од 2x20W на 8 ома, напон на напојување од ±30V, ре­гу­лација на ниските тонови од ±6dB на 100Hz и регулација на високите тонови од ±6dB на 10kHz.


Архитектура и градежништво

Несомнено плутата е дар од приро­дата за човекот. широк е дијапазонот на области во кои плутата е навлезена. како производ добиен од дрвото плута даб, ја чини уникатна, како неисцрплив при­роден ресурс, голем пријател на чо­век­от во зачувување на животната сре­ди­на, пред сѐ поради енормно големо коли­чество апсорпција на CO2 во текот на животниот век на дрвото, но исто така и во заштеда на енергија кога про­из­водите од плута се употребуваат како изолациски материјали во градеж­ните објекти.


Колумна

Научната фантастика (СФ) отсекогаш била огледало на нашите најдлабоки стра­вувања и надежи за иднината. Во последните неколку години, овој жанр еволуираше, откривајќи нови начини на раскажување приказни, истражувајќи нови теми и користејќи технологии кои пред децении беа само во замислите на научниците.


Информатика

Linux командната линија претставува тексту­ален интерфејс за вашиот компјутер. Честопати се нарекува и shell, terminal, console, prompt или со различни други имиња, може да изгледа дека е сложено и збуну­вачки за употреба. Сепак, можноста за копирање и залепување на команди (copy/paste) земени од некоја веб-локација, во комбинација со моќта и флексибилноста што ги нуди командната линија, значи дека нејзиното користење може да биде од суш­тинско значење кога се обидувате да сле­ди­те упатствата на Интернет.

Што ќе ви треба? – Компјутер со Ubuntu или некоја друга верзија на Linux.


Металство и машинство

Во овој напис ги разгледуваме проб­лемите околу педалирањето на велосипед кај два нови механизми проектирани да го зголемат ефектот т.е. полезноста на вложената мускул­на сила од возачот пренесена на по­гонс­кото тркало на велосипедот. На прво гледање ми стана сомнително не од аспект на „цедење” на мускул­ната сила на велосипедистот сведе­но на математички релации, туку од аспект на вкупна долгорочна ефикас­ност на погонот по велосипедистот во однос на класичниот погон. Истражив и дојдов до терминот NuBike.  Се кон­сул­тирав и со професор од ФФОСЗ, па тука ќе ги изнесам моите раз­мис­лувања за оваа новина.


Телекомуникации

Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрва­тите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радио ста­ници било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радио технологијата во Европа и во светот пошироко.


Аеронаутика
Грунао Беби како музејски експонат

Во светот, особено помеѓу двете светски војни, нагло порасна интересот за производство на воздухопловни едрилици и обука на нови пилоти едриличари.  Германија во тој период направи максимални усилби да произведе што е можно подобри едрилици со намена за основна обука, вежбовни активности и  постигнување на врвни резултати. Во тој период беше создадена едрилицата Грунао Беби која стана легенда уште од нејзиниот прв лет. Јас ја имав таа привилегија со моите другари од групата да имам вежбовни активности на земја (ground school) пред почетокот на основна едриличарска обука и со особено внимание го пишувам овој напис.


Психологија

Кому не му се случило да си разговара самиот со себе или да фати некој како го прави тоа? Се работи за  нормална појава којашто произлегува од структурата на мозокот, кој размислува на „висок тон”.


Научна фантастика

Во периодот по 1911 година, уочливо е дека средиштето на случувањата во научната фантастика се сели од Европа во Америка. Тоа е и причината за брзиот продор на научната фантастика, бидејќи  само по три години подоцна во Европа ќе беснее светска војна, која ќе ги прекне бројните активности на полето на уметноста и културата па веројатно е дека истото ќе се случело и со научната фантастика.


Омнибус

Новинарски куќи и социјални мрежи одбија Apple да тренира ВИ со нивни податоци; Нови состојби на материјата во квантниот рамнопростор?!; Орбитално лансирање без ракети?!; Прва фотографија во гро-план на ѕвезда надвор од нашата галаксија; Мозокот ги интегрира спомените преку постојано ажурирање; Кинезите ги (пре)стасаа Интел и АМД во сферата на чиповите?; Дел од Атлантикот се лади со рекордна брзина и никој не знае зошто; Робо