Рубрика: Електроника
Крешендо милениумска едиција – 18 години мануфактура
Автор: Дејан Новковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 207 - 12/2024.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изработката на совршен аудиозасилувач е сон на речиси секој аудиофил-електроничар. А потрагата по совршенството, од првите обиди за изработка до креирањето засилувач со одлични карактеристики, стокмен и спастрен да работи беспрекорно, секако дека не е без предизвици. Но, учењето од грешките и истрајноста да се постигне конечната цел секако е формула за успех и врвно постигнување, во случајов “расен” хај-фај примерок во облик на аудиозасилувачот Крешендо Милениум Едишн. 

Отсекогаш сум посакувал да изра­бо­там аудиозасилувач. Три обиди во период од 35 години.

Прв обид во декадата на осумдесет­тите, за мене најдобрата декада во светот на музичката продукција. Шема не знам од каде, печатена плочка пертинакс што едвај ќе ја најдеш, продавници – Искра, Еи Ниш, Радио Бран. Толку. Се состави проектот некако, сѐ на маса, жици на сите страни. А вклучувањето е посебен чин составен од двајца актери. Едниот покрај продужниот кабел и вториот набљудува од горе: “Пали!... Гаси, гаси, гаси!.. – Грее!!!” Поблиску беше до грејно тело отколку до засилувач.

На вториот обид се сеќавам малку повеќе. Не дека беше кон крајот на 90-тите туку по тоа што еден пријател ми даде готови печатени плочки од првата мосфет изведба на Крешендо објавено во Електор(1984). Единствената разлика ако споредам со првиот проект е тоа што ком­по­ненти се наоѓаа полесно. Кутија повторно нема. И... остана така – пак недовршено.

Април 2001 година, го листам Елек­тор и го читам написот за редизајнирано Кре­шен­до милениумска едиција, каде об­јас­нува за отклонувањето на сите аномалии и недостатоци од претходната верзија, компонентите заменети со тековни, дода­ден софт стартап модул, модул за зашти­та на звучниците во случај на преопто­варување и ДЦ заштита... Ги порачав плочките од сервисот на Електор, но составувањето почека троа.

Ноември 2016 бев цврсто решен да го почнам и да го завршам проектот. Неколку месеци траеше процесот на собирање на сите потребни компоненти. Додека не пристигна сѐ, па во февруари 2017 година да тргне составувањето...

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.