Рубрика: Електроника
60 години од Муровиот закон
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 22.04.2025 - 11:30

Многу уреди што луѓето секојдневно ги користат се напојувани од микропроцесори направени од транзистори. Ова се должи токму на Муровиот закон кој повеќе од половина век го диктираше темпото на развој во микропроцесорската технологија.

Имено, три години пред коосновањето на Интел, Гордон Мур забележал дека транзисторите, основните клетки на микропроцесорите и дигиталното доба, ќе чинат сè помалку, а нивните перформанси експоненцијално ќе се зголемуваат. Во далечната 1965 година тој не можел ни да претпостави како оваа идеја ќе го промени светот. Во меѓувреме, телефоните и часовниците станаа паметни, а автомобилите се претворија во компјутери.

Првите транзистори за полуспроводници беа со големина на гумата од крајот на моливот. Денешните транзистори се невидливи за голото око. Како резултат на Муровиот закон, повеќе од 6 милиони денешни транзистори можат да се соберат во точката на крајот од оваа реченица.

Гордон Мур забележува дека бројот на компоненти во густо интегрирано коло се удвојува отприлика секоја година и шпекулира дека овој тренд ќе продолжи барем во наредните десет години. Во 1975 година тој ја ревидирал неговата прогноза поставувајќи ја стапката на минијатуризација и развој на приближно на секои две години.

Интел 4004, објавен во 1971 година, беше првиот комерцијално достапен микропроцесор, со само едно јадро, 2300 транзистори и брзина од 740 kHz. Денес, а процесорите како Intel Core i9-13900K покажуваат неверојатни напредоци – 24 јадра, 32 нишки, турбо фреквенција од 5,8 GHz и 36 MB кеш меморија. Скокот во технологијата е неверојатен. Споредено со првиот Интелов микропроцесор, современите процесори се милиони пати побрзи, поддржуваат огромна количина на меморија и интегрираат напредни AI забрзувања и безбедносни карактеристики.

Интел 4004 беше револуционерен за своето време. Пред 4004 се говореше само за процесори и процесорски плочи како цели склопови со стотици (па и илјадници) TTL логички кола монтирани на една или повеќе печатени плочи. Тие неретко трошеа стотици ампери од стандардното 5-волтно напојување. После него, Муровиот закон дојде до полн израз и следеа неизоставните 8008, 8080, легендарниот Z80 продаден во преку милијарда примероци и x86 архитектура чија девета генерација моментално владее со светот на персоналните сметачи. Денешните чипови напојуваат сè, од уреди за игри до апликации управувани со вештачка интелигенција.

Колку за споредба, кога Андроид телефон заснован на технологијата на Интел би се правел со користење на технологијата од 1971 година, микропроцесорот за овој телефон би бил голем колку едно паркинг место. Обидете се да направите селфи со него.

Муровиот закон опишува долгорочен тренд во историјата на компјутерскиот хардвер: бројот на транзистори кои можат да бидат поставени на интегрирано коло се дуплира на секои две години. Периодот често цитиран како „18 месеци“ се должи на Давидовата куќа, под извршна власт на Интел, која го предвиде тој период за двојно зголемување во чип перформанси (преку комбинација на зголемувањето на бројот на транзисторите со нивната сè поголема брзина).

Но, Муровиот закон е аспирација, не закон на природата. Тој е овозможен од армија луѓе кои ги туркаат основните закони на физиката. Духот на иновација поттикнат од него продолжува да ја трансформира не само технолошката индустрија, туку и светот. Младите развојни инженери, вредните пронаоѓачи, надежните научници и доктори, како и безброј други, продолжуваат да го вчудовидуваат светот со идеи и достигнувања што денес не можеме ниту да ги замислиме.

Клучни зборови:
Гордон Мур забележува дека бројот на компоненти во густо интегрирано коло се удвојува отприлика секоја година

Гордон Мур забележува дека бројот на компоненти во густо интегрирано коло се удвојува отприлика секоја година и шпекулира дека овој тренд ќе продолжи барем во наредните десет години. Во 1975 година тој ја ревидирал неговата прогноза поставувајќи ја стапката на минијатуризација и развој на приближно на секои две години.