Рубрика: Психологија
Зошто зборуваме сами со себе?
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 207 - 12/2024.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кому не му се случило да си разговара самиот со себе или да фати некој како го прави тоа? Се работи за  нормална појава којашто произлегува од структурата на мозокот, кој размислува на „висок тон”.

Барем понекогаш, на сите им се слу­чило да се затекнат како гласно зборуваат самите со себе, можеби во момент на стрес. Некои го прават тоа за да се убе­дат во нешто, други едноставно за да “увежбаат” некој тежок говор што порано или подоцна ќе мора да му го кажат некому, трети за подобро да запаметат информации.

И нема ништо чудно во тоа: солило­квиумот не е ништо повеќе од надворешна манифестација на таканаречениот „внат­решен дискурс”, најчестиот начин на кој­што се обликуваат нашите мисли, кои често­пати ги изразуваме со зборови. Во нашите глави реката од зборови не­пре­кинато тече: „Да го правам ова или она?”, „Наскоро ќе излезам, ќе го земам ча­дор­от”, „Денес ќе го видам Мане, ќе му ја пренесам таа обврска да ја сработи “ итн.

Од овие примери е јасно која е воби­чае­ната цел на разговорот со себе: да си дадете упатства и подобро да запомните нешто. И не е чудно ако овој дискурс од време на време неволно доаѓа до усните и станува звучен и за другите, тоа само значи дека церебралниот механизам кој во овие случаи ја инхибира артику­лацијата на зборовите не е активиран (или се активира само делумно).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.