Рубрика: Аудио и видеотехника
Телепромптери
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 207 - 12/2024.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Телепромптер е направа која едноставно функционира и овозможува уникатен пристап до следење и читање на податоците. Ја користи рефлексијата и транспарентноста на стаклените површини. Денеска ниту една телевизија неможе да ја замисли својата продукција без телепромптерите. Автомобилската индустрија веќе почна да ги применува телепромптерите.  

Современите алатки, или технолошки решенија денеска се повеќе се користат не само во областите за кои се наменети, туку речиси насекаде каде нивната примена ќе ја олесни работна задача. Една таква алатка која во прво време беше наменета само за телевизиските системи е и Телепромптерот - промптер.  Но, тој денеска се користи и во други области и прилики кои се сосема поразлични од телевизиските системи. Станува збор за направа без која денеска ниту една телевизиска куќа неможе да ја замисли својата продукција. Функцијата на телепромптерот во телевизиските системи е прикажување на текст кој треба да се прочита или презентира, а притоа да не се добие впечаток дека истиот е прикажан за читање. Во поедноставна дефиниција би кажале дека служи за читање на текст, при што треба да се добие впечаток дека текстот се искажува од презентерот, кој во моментот на презентација го составува. Во минатото телевизис­ките презентери имале обврска овој текст да го научат наизуст и при презентацијата да користат испечатена верзија од истиот, каде би се потсетувале за неговата содржина. Овој процес барал многу работа од нивна страна и подготовки пред настапот, со што било потребно големо време за предпродукција. Примената на промптерите значително го олесни продукцискиот процес особено во телевизиските куќи кои имаат содржина од информативен карактер. И покрај тоа што принципот на работа на теле­промпт­ерите е многу едноставен, нивната изведбата е сепак комплексна. Основниата компонента кај телепромптерите е LCD мониторот на кој се прикажува текстот. Овој монитор се поставува хоризонтално или во легната положба пред системот на оптички леќи на ка­мерата – објективот. Стаклена површина поставена под агол од 45° ја рефлектира неговата слика, притоа не навлегувајќи во видикот (кадарот) на камерата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.