Рубрика: Физика
Потрагата за суперспроводливост на собна температура
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 02.09.2021 - 12:15

Суперспроводниците се користат во уредите за магнетна резонанца и кај забрзувачите на честички, т.н. акцелератори. Но, за да ја одржат карактеристиката од речиси нула електричен отпор при преносот на електрична енергија тие мора да бидат сместени во услови на екстремно ниски температури.

Со децении истражувачите се во потрага по решение за овој проблем, обидувајќи се да направат суперспроводници кои ќе работат и на собна температура, но кои притоа истовремено ќе можат да спроведуваат големи струи. Многумина веруваат дека ова откритие би ја отворило вратата за голем број секојдневни апликации на суперспроводниците. Досега, единствениот суперспроводник кој потврдено работи и на собна температура функционира единствено во услови на многу висок притисок. Сепак, некои истражувачи веруваат дека можат да создадат суперспроводници кои би ги задржале нивните карактеристики и при амбиентален притисок,  со создавање на нови материјали кои ќе ја имаат вистинската хемиска комбинација.

Ви препорачуваме да го погледнете следново видео преземено од Science за да дознаете повеќе за тоа како како истражувачите се надеваат да постигнат суперспроводливост во нормални услови – без високи притисоци и екстремно ниски температури, но и зошто одредени научници се скептични дека ваков тип на суперспроводливост е воопшто можно да се оствари.

Инаку повеќе за супреспроводливоста во ЕМИТЕР може да прочитате во “Суперспроводливост на собна температура!” (Е 7-12/2020) “Енигмата на суперспроводливоста” (Е 2/2011), “Теоријата за струните конечно во оптек” (Е 10/2010), “Суперспроводливоста се потпира на два феномена” (Е 10/2012)

 

Забелешка: За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Клучни зборови: