Рубрика: Физика
Енигмата на суперспроводливоста
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Научниците оствариле голем напредок во решавање на енигмата на суперспроводливоста на "висока" температура. Имено, една нивна истражувачка група открила дека суперспроводниците ги должат своите перформанси на нивната фрактална структура.

Под суперспроводливост се подразбира пренос на електрична енергија без никаков термички отпор (R=0). Таа теоретски се појавува кај спроводник оладен на температура на апсолутната нула, -273,16 °C, но кога во 1911 год. беше за првпат синтетизиран течен хелиум на температура од -269 °C се откри дека живата, оладена на таа температура, ја губи сета своја електричка отпорност и станува суперспроводник иако се наоѓа на нешто повисока температура од апсолутната нула! Така започна ерата на класичните суперспроводници кои функционираат на температура со типичен износ од околу -260 °C. Подоцна се конструирани суперспроводници за релативно повисока температура со типичен износ од околу -200 °C, и за разлика од класичните, тие се наречени суперспроводници за "висока" температура. Тоа се легури на бакар, наречени со групно име купрати, всушност бакарни оксиди специјално комбинирани со други елементи. Денес суперспроводниците досегнаа до максимална температура од цели -138,16 °C над апсолутната нула со тенденција таа и натаму да расте, дури и до собна температура!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.