Со стандардите од секаков вид се среќаваме на секој чекор во секојдневниот живот. Тие постојат за да ги унифицираат соодветните карактеристики на некој производ, со што ќе се обезбеди и негово поевтино производство, лесно и долготрајно користење, како и заменливост, односно компатибилност, кога се работи за ист вид производи од различни произведувачи.