Рубрика: Електроника
Петпојасен регулатор на боја на тонот
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За тонската корекција на сигналот досега повеќе пати е пишувано на страниците на Емитер. Да ги споменеме само "loudnes" контролата (3/95) и петпојасниот еквилајзер (9/99). За нивната намена, исто така е пишувано. Во овој број ви нудиме решение за регилатор на бојата на тонот. Меѓусебното влијание на фреквентните појаси на два соседни тонски појаси не е изразено кај овој тип на еквилајзер со номинален број од пет тонски појаси. Потенциометрите на еквилајзерот се поставуваат во средна положба, потенциометарот на возбудата (касетофонот) на минимум и потенциометарот на засилувачот во средна положба. Уредот не бара никакво нагодување, проработува "од прва" и е веднаш спремен за експлоатација.

Барањата кои беа поставени пред изградбата на проектот беа:

1. Еквилајзерот да содржи тонски филтри кои имаат доволно голем Q-фактор за да може бројот на појасите дополнително да се зголемува до десет, а и за да се избегне меѓусебното преклопување на појасите.

2. Бројот на околните RC компоненти да биде сведен на неопходно потребен минимум, ако треба и да се зголеми бројот на активните компоненти, со цел да се намалат фазните и интермодулационите дисторзии.

3. Потенциометрите за контрола на појасите да бидат на самата печатена плочка и со што е можно помалку точки на врска со основната електроника (потенциометрите меѓусебно се паралелно поврзани освен излезните точки од лизгачите кои одат поодделно до секој филтер).

4. Начинот на филтрација да биде активен, а не пасивен како кај многу филтри, каде губитоците од претходно пасивниот RC филтер ги компензира активен елемент во наредниот степен. Активен начин на филтрација подразбираме кога RC компонентите од филтерот ќе бидат во гранката на повратната врска.

5. Секој филтер да биде изведен со независен операциски засилувач, со висок сооднос сигнал/шум (signal to noise ratio).

6. По потреба да може да дополнително да се менува факторот Q на секој поединечен појас, со додавање на филтер со иста централна фреквенција (заради евентуално зголемување на тонските појаси).

7. Уредот да има голема влезна и мала излезна импеданса.

8. Да биде изграден од популарни, лесно достапни компоненти. Изборот падна на TL074.

9. Заради помало преслушување, т.е. подобра сепарација на каналите, уредот да биде изграден од две независни ППК, со автономен "on board" извор на напојување.

10. Ожичувањата да бидат сведени на минимум, од ожичување да постои само доводот за 220V (влезниот и излезниот "cinch" и потенциометрите се на печатената плочка).

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК639

ИК: TL074

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.