Емитер 7-8/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
После подолга пауза повторно ви презентирам еден слушен тест на Hi-Fi уреди. Како апсолутно валидни слушни тестови јас ги признавам само слепите слушни тестови, но во овој случај ќе направам отстапка од овој закон, бидејќи високата температура во овие летни дни и онака претставува доволна тешкотија, па не сакав дополнително да го оптоварувам жирито.
Звучниците кои се предмет на овој тест секој за себе имаат добиено одлични оценки во специјализираните Hi-Fi списанија во своите татковини, но вистинскиот избор може да се направи само со директна споредба – тогаш често се добиваат неочекувани резултати. Споредбените слушни тестови се единствен начин правилно да се оцени местото на секој уред во хиерархијата на добриот звук.
Magnat Vector 22
Германската фирма Magnat е малку позната на нашиве простори, иако станува збор за угледна фирма, со (главно) добри уреди. Оние кои ги читаат германските Hi-Fi списанија сигурно го забележале заштитниот знак на Magnat стрип-цртеж на глава од смешно-агресивен булдог, со слоган "sound mit biss" (буквално: "звук со гриз"), односно по наше "звук со заби".
Звучната кутија е со убав и елекантен дизајн, одлично е изработена и делува многу скапо. Страниците и задната плоча се облепени со добра пластична имитација на фурнир, во убава нијанса на црешово дрво. Предната плоча е зајакната со дополнителна плоча од медијапан дебела 28 mm (!), со заоблени рабови, а отворите за драјверите се прецизно направени. Обоена е во црна боја, која одлично се вклопува со впечатливата метално-сива боја на фланшите на драјверите, која е во иста нијанса како керамичката калота на високотонецот, која е заштитена со метална мрежичка. Шасијата на бас-звучникот е пластична, иако има метално-сива боја, материјал кој сè почесто се експлоатира во поново време, бидејчи на тој начин се елиминирани магнетните загуби кај класичните железни шасии, а цената е далеку помала од алуминиумските шасии. Бас-рефлекс цевката, со дијаметар од само 45mm е поставена од задната страна.
Имедансата е декларирана како 4-8 оми, нелогично и непотребно – можеле да кажат дека е 6 оми. Декларираната осетливост е 90dB/2,83V/1m, со фреквентен опсег од 35Hz до 35kHz (најверојатно се мисли на -10dB). Според мојот стар, добар обичај повторно нема да ја кажам синусната (или музичката) моќност на звучникот, бидејќи тоа воопшто не е важно.
Цената на еден пар Magnat Vector 22 е 400 германски марки.
Tannoy M2
Tannoy долг низ години има успех со Mercury серијата на евтини звучници, чие ново продолжување е M серијата. Сите три модела од М серијата добија одлични оценки во англиските Hi-Fi списанија, а особено се истакна Tannoy M1 (прочитајте го наиот слеп слушен тест во ЕМИТЕР 10/98).
Во англиските списанија поголемиот моделк М2 беше испофален за длабоките басови и неутралниот звук. Ќе видиме...
Кутијата на Tannoy M2 е солидно изработенам, а предната плоча е дополнително засилена со уште една плоча дебела 12mm, во светла нијанса на имитација на дрво, која е во добар контраст со црните звучници и останатите страници облепени со пластична фолија – имитација на фурнир со црна боја. Номиналниот дијаметар на бас звучникот е 165 mm, а дијаметарот на импрегнираната хартиена мембрана е 117 mm. Мембраната има инверзна (конкавна) покривна калота и е многу слична на мембраната од од Magnat Vector 22. Високотонецот има калота од импрегнирана ткаенина со дијаметар од 25mm. Бас-рефлекс цавката е монтирана на задната страна. Димензиите на кутијата се 380x204x273mm. Колку вати е? Тоа е сосема небитно.
Цената на еден пар Tannoy M2 е 390 марки.
Со професионалниот мерен уред CLIO ја измерив аплитудно-фреквентната карактеристика на двата звучника. Мерењето е извршено во оската на високотонецот на далечина од 2 m, што приближно одговара на реалните услови на слушање.
Жирито за слепиот слушен тест го сочинуваа еден професионален тон-мајстор и еден аудиофил, истите од претходните наши слепи слушни тестови. Оценувањето на квалитетот на звукот од страна на само еден слушател секогаш носи ризик да се нагласува индивидуалниот вкус – затоа најдобро е да се има повеќечлено жири. Слушниот тест беше изведен со CD плеерот Rotel RCD-971 и засилувачот Rotel RA-971.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.