Со новиот закон за безбедност во сообраќајот, во кој спаѓа и задолжителното вклучено кратко (соборено) светло (не позиција), возачите поради сè уште нестекнатата навика на некој начин се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната. Ако не ги вклучат кратките светла - следува казна, а ако по возењето ги заборават вклучени, што многу често се случува, акумулаторот се празни. Токму тогаш, според "Марфиевиот" закон, обично сме во големо брзање и уморни, а возилото не може да се користи.