Сонот на секој музичар е да има на располагање мало, компактно, озвучување кое ќе може лесно да го пренесува на местото на настапот, а истовремено ќе има доволен број влезови, контроли, ефекти и, на крај, доволна моќност на излезниот засилувач. Секако, нема потреба да се напомене дека сето тоа треба и добро да звучи, нели? Сите овие услови ги исполнува малиот, сладок GigRac 600 од светски познатата фирма Soundcraft.