Емитер 3/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во претходниот број на ЕМИТЕР ги опишавме основните принципи на работа на уредот и подетално ја опишавме работата на поместувачките регистри, кои покрај микроконтролерот се едни од најважните компоненти во уредот. Во овој број ќе биде детално опишано како сами да го изработите уредот и на што да внимавате при неговата изработка. За негова изработка ќе ви биде потребно големо внимание и трпение, но ќе бидете наградени со исправно изработен уред на кој ќе се восхитуваат сите кои ќе го видат.
Доколку напонот Uv е мал (под 3V) можно е да настане недоволна побуда на транзисторите T1-T8 и со тоа нерамномерен сјај на LED диодите во редовите. Ова може да се корегира со намалување на вредноста на отпорниците R2, R5, R8, R11, R14, R17, R20 и R23 на 1kΩ. Со тоа ќе се добие ист интензитет на светлината од сите светлечки диоди и при мали вредности на напонот Uv.
Доколку, пак, сакате LED диодите да светат со поголем интензитет, тогаш намалете ги отпорниците Rc на вредност 100Ω-220Ω, по што фино нагодување на осветленоста ќе направите со помош на тример потенциометарот P1.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.