Омнибус

"Огнена топка" во галактичкото јато Abell 3266;
Беспилотно летало Баракуда;
AUDI R10 TDI - прв победник на 24 часа Ле Ман со дизел-мотор;
HP - некогаш и сега;
Интернет оскари за 2006;
Нов избор на HDD/DVD рикордери од SONY;
Отворена првата еколошка куќа во Македонија;
300GB холографски оптички диск од Inphase Technologies;
Интересни факти за Земјата;
Машкиот мозок "запира" пред убава жена;
Јаглероден облак околу далечна ѕвезда;


Автомобилска техника

Диференцијалот е механички склоп кој, пред сé, се однесува за погонските тркала на возилото. Причината од неговата потреба кај погонските тркала е таа што при возење на возилото, левото и десното тркало изминуваат различни по должина траектории (на пример, возење во кривина, по нерамен пат). Токму за него ќе стане збор во текстов што следува.


Аеронаутика

Идниот борбен авион Т-50 ќе поседува стелт карактеристики, суперсонична крстосувачка брзина, суперманеврабилност и можност за скратено полетување и слетување. Т-50 од оружје ќе користи современи прецизно наведувани оружја (од новата генерација) воздух-воздух, воздух-површина и воздух-земја, со кои ќе може ефикасно да дејствува во сите временски прилики, преку ноќ и ден.


Астрономија и астронаутика

Иако еден од најсјаните објекти на небото, системот Алфа Кентаур долго останал непознат, пред сé, поради својата позиција на небото. Имено, тој се наоѓа на јужната небесна полутопка и не може да се види од позиција над триесеттиот степен северна географска широчина.


Астрономија и астронаутика

Сме биле сведоци, а и ќе бидеме, на многу мисии во вселената. Но, кој е начинот на кој се доаѓа до нивна реализација, и воопшто нивно одобрување? Овој напис дава одговор на овие прашања преку приказната за мисијата New Horizons предвидена за истражување на Плутон.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на затемнувањето на Месечината.


Астрономија и астронаутика

Messier object 13 претставува најистакнат глобуларен кластер кој се наоѓа на северниот дел од небото, во соѕвездието Херкул. При ведро небо и кога месечината е повлечена е на работ на видливоста со голо око, а низ двоглед се гледа како мал округол, магловит сјај. Содржи околу 300 000 ѕвезди, а неговата светлост е 300 000 пати поголема од светлоста на Сонцето. Се наоѓа на 25 100 светлински години од Земјата. Откриен е во 1714 година од страна на Едмонд Халеј (Edmond Halley).


Аудио и видеотехника

Видот и слухот се наши постојани придружници во секојдневниот живот. Светлинските и звучните бранови се бранови движења, но имаат различна физичка природа. Затоа и сетилата за вид и за слух се различни. Окото и увото како приемници имаат конструкција приспособена за физичките особености на светлината и на звукот. На ниедно од овие сетила не може да му се даде предност, бидејќи тие претставуваат неопходна потреба за нормално одвивање на човечкиот живот.


Аудио и видеотехника

Сте набавиле најквалитетна опрема. Имате образован, искусен и инвентивен операторски кадар. Без добар мониторинг сето тоа не значи многу. Со други зборови, мониторингот во сите области е многу битен, а во ТВ и РА-продукција, постпродукција и емитување на програмите, може слободно да се рече најважен. Постојат повеќе производители на уреди за мониторинг во рам и портабал верзија, но според квалитетот и за различни буџети. Овој текст претставува само две од тие фирми.


Електроника

Сигурно повеќе пати сте се сретнале со називот "бафер" и не ви било јасно за што се работи, па се прашувате дали може да дознаете нешто подетално на таа тема. Може, зошто да не! Најприфатлива дефиниција за бафер може да биде: раздвојувачки степен кој посредува меѓу слабите и јаките. Во слабите ќе ги наброиме сите оние уреди кои даваат струја недоволна да ги активира оние јаките. Тука сметаме на логичките порти, операциски засилувачи, мерни мостови и сензори.


Електроника

Помина еден подолг период откако во ЕМИТЕР заврши серијата "Сервисирање на ТВ-приемници". На тоа нé потсети нашиот читател Горан Манасиев со предлогот да се обработи темата: влегување во сервисниот мод на ТВ-приемниците. Со овој напис сакаме да се дополни спомнатата серија и да им излеземе во пресрет на сите читатели кои покажуваат интерес за оваа тема.


Електроника

Практична алатка за утврдување на исправноста на УТП каблите за мрежно поврзување на компјутерите, но исто така наоѓа примена и во пронаоѓањето на вистинскиот кабел кога сме соочени со "џунгла" од кабли кои на лик се идентични. Моја препорака е да го проверите кабелот веднаш по монтирањето на конекторите, значи пред да го ставите во употреба, со што ќе бидете на сигурно дека најбаналната работа - кабелот, е во ред.


Електроника

Полначите за оловни акумулатори се едноставни уреди, најчесто составени само од трансформатор и насочувачки дел. Тие добро ја завршуваат работата, но полнењето треба навреме да се прекине со оглед на тоа дека тие постојано ќе го дополнуваат акумулаторот и може да го оштетат, ако го заборавиме вклучен подолго од потребното.


Електроника

Оваа апликација, пред сé, е наменета за сите љубители на електрониката кои сé уште користат "протоборд" и се подготвени своето слободно време да го потрошат експериментирајќи со него со цел што поверно да го добијат звукот на познатиот Биг Бен. Сепак, на крај нудиме и решение за плочка со печатено коло со која ќе можете да го финиширате овој проект.


Електроника

За звучниците и нивната заштита досега повеќе пати имало пишувано на страниците на ЕМИТЕР. Најголемиот дел од нив се однесувал на заштити што се вградуваат во засилувачите, а многу помалку на оние што се вградуваат во самите звучни кутии. За таквиот вид на заштита еден дел од корисниот сигнал ќе мора да се искористи за напојување на заштитата.


Информатика

Кој е подобар процесор, Интел или АМД? Тоа е главното прашање кое се поставува при купување на нов компјутер. Но, со појавувањето на двојадрените процесори, разликите помеѓу Интел и АМД стануваат сé помали. Разликите во реални услови се речиси незабележителни за корисникот. Точно, АМД постигнува нешто подобри резултати во играчките тестови, но ретко кој играч може да ја забележи разликата меѓу 90 и 95 fps (слики во секунда). Уште повеќе ако мониторот има освежување од 85 fps.


Информатика

Преносниот компјутер (лаптоп, нотебоок) во ова модерно време на живеење, за повеќето бизнис-корисници веќе претставува незаменлив уред. Ова особено важи за корисниците кои работат со податоци кои мораат постојано да ги имаат пред себе, но и податоци кои многу често и бргу се менуваат. Модерните преносни компјутери со своите перформанси денес можат да се натпреваруваат со десктоп компјутерите во многу области. Деновиве имавме можност да го добиеме на тестирање моделот HP Compaq nx9420.


Информатика

Во овој број ќе "внесеме" малку боја во сцената и ќе го изрендерираме видеоклипот. Исто така, ќе дознаете и нешто повеќе за Maya 7.0 Unlimited.


Информатика

Уште со појавата на првите персонални компјутери, во областа на производство на процесори главна улога имаше компанијата Интел, која несомнено има голема заслуга во трасирањето на патот за развој во овој сегмент од информатичката технологија. Но, како што на секого му е јасно, конкуренцијата е битен елемент во создавањето на квалитетни решенија во кое било поле на човековото дејствување.


Информатика

Како да е некое непишано правило, или тоа е, сепак, законитост на пазарната економија, во светот на информатичката технологија, најчесто две големи компании водат битка за доминација во некоја област. Ако Интел и АМД се натпреваруваат во производството на процесори, тогаш во областа на производство на врвни графички картички, оваа борба ја водат компаниите ATI и nVIDIA.


Металство и машинство

Во завршниов дел од проектот за изработка на мешалката ќе бидат опишани носечката конструкција и заштитната галантерија, начинот на монтажа и подготовка за работа на мешалката. И, за крај, препораки од авторот на што треба да обрнете внимание откако сте се одлучиле за изработка на мешалката.


Физика

Улогата на Никола Тесла во науката и денес побудува голем интерес во сите светски научни центри. По повод 150 год. од неговото раѓање, објавивме напис во ЕМИТЕР бр. 2/06 под наслов "Никола Тесла - пронаоѓач од соништата", но не е можно само во еден напис да се опфатат сите материјали поврзани со Теслината дејност.


Физика

Откритието на акцелерациската експанзија на вселената отвори прашање за преиспитување на дејството на гравитацијата во екстремна ситуација: кај мали тела на многу блиско растојание.


Макетарство и моделарство

Радиоуправуваниот модел "Сокол" е резултат на моето повеќегодишно искуство во конструкција и градба на воздухопловни модели. Наменет е за основна обука и рекреација и има едноставна и цврста градба. Направете го и уживајте во неговото летање.


Уводник

Сите овие години ЕМИТЕР е присутен во училиштата и образовниот систем на Македонија, но секогаш тоа се базирало на ентузијазмот на одредени наставници, професори и ученици. Поширока употреба на ЕМИТЕР во училиштата не беше можна затоа што ЕМИТЕР немаше одобрение од Министерството за образование и наука, иако во претходните 11 години неколку пати имавме поднесено барање за тоа.


Автомобилска техника
Хенри Форд и неговата креација, моделот Т

"Ќе произведам автомобил со цена која ќе биде толку ниска така што ќе може да си го дозволи секој човек" - била замислата на Хенри Форд. Реализацијата на оваа идеја на Фордовите автомобили им донесе огромна популарност, а Форд Мотор Компани го направи еден од најмоќните автомобилски брендови од чии погони излегле близу 300 милиони возила присутни во повеќе од 200 држави на сите светски континенти.


Електроника

Причината зошто луѓето чуваат куче во, и околу домот, освен друштво, е чување на домот од несакани натрапници. Во ноќните часови кога кучето е вознемирено, односно почнува да лае на некој несакан гостин, за да му помогнеме во неговата намера да го чува домот, можеме да го употребиме електронскиот склоп што ќе го проследите во понатамошниот текст.


Писма
Повеќе IR диоди како помошно светло за мини ДВ-камера
Мултипла комуникација преку 220V мрежа
Која е должината на цевката за примарот во "Електронскиот" теслин трансформатор?
ТВ-модулатор
Замена за тиристорот во генераторот на висок напон од Е 2/06