Екологија
Глетка на Преспанското Езеро од падините на планината Баба над селото Сливница
Деновиве нивото на Преспанско Езеро го постигна годинешниот минимум. Слабите снежни врнежи минатата зима и слабиот доток на вода во езерото пролетва предизвикаа кусок на вода на почетокот од летото, што езерото не успеа да го надомести во текот на летото и есента.
Објавено на 06.11.2024 - 17:15

Екологија
Високите температури ја “тенчат” ледената покривка на езерата и ги намалуваат деновите во кои таа е присутна, а ова има еколошки и економски последици. Земјините езера ја губат својата “покривка” од зимски мраз, факт кој веќе има важни социоекономски последици за над половина милијарда луѓе кои живеат во близина на замрзнатите водени тела во студената сезона.
Објавено на 06.11.2024 - 14:15

Информатика
Во вторникот, гигантот за производство на чипови Nvidia го надмина Apple и стана највредната компанија во светот. Порастот а акциите на технлошкиот гигант се должи на бумот во доменот на вештачката интелигенција, а кој продолжува да го фасцинира Вол Стрит.
Објавено на 06.11.2024 - 12:45

Информатика
Постојат три стила на пребарување на Википедија: оние кои се губат во мноштвото информации, оние кои душкаат наоколу и оние кои одат директно до резултатот. Звучи тривијално, но разликувањето на овие три типа е важно за вештачката интелигенција да се направи поефикасна.
Објавено на 05.11.2024 - 15:15

Астрономија и астронаутика
И покрај неверојатно високите површински температури, вулканите што исфрлаат лава и облаците од сулфурна киселина, ненаселената Венера нуди витални лекции за потенцијалот за живот на други планети, се вели во еден нов научен труд. „ Честопати претпоставуваме дека Земјата е модел за животоподобност, но ако ја земете предвид оваа планета изолирано, не знаеме каде се границите и ограничувањат а. Венера ни го дава токму тоа“, вели Стивен Кејн, астрофизичар од Универзитетот на Калифорнија Риверсајд и прв автор на споменатиот труд.
Објавено на 05.11.2024 - 12:00

Омнибус
Институтот за развој на електронски комуникации - ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток сублимат/коментар на извештајот од Европската Комисија во делот за напредокот на Македонија во однос на дигиталната трансформација и медиумските слободи
Објавено на 04.11.2024 - 17:30

Хемија
За прв пат, хемичарите креираа класа молекули за кои претходно се сметаше дека се премногу нестабилни за да постојат и ги искористија за да генерирање на егзотични соединенија. Имено, ваквите молекули се сметаа за премногу нестабилни па оттаму нивното создавање беше речиси невозможно. Сепак, експериментите покажаа дека тие може да се „фатат“ во одредени реакции за од нив да се добијат корисни производи.
Објавено на 04.11.2024 - 14:15

Екологија
Одлагалиштето на свежа пепел во РЕК 'Битола'.
За да се увериме самите, заедно со инж. Илија Бендевски „Бенц“ од нашето здружение на инженерите направивме една мини-експедиција по депониите за јаловина и пепел. После речиси 10 препешачени километри по изразито непристапен терен, го пронајдовме одлагалиштето за пепел, во близина на напуштеното и затрупано село Билјаник...
Објавено на 04.11.2024 - 10:00

Аудио и видеотехника
Иако вчера, со втората проекција, заврши 32 ФАДФ Камера 300 , сè уште не стивнуваат впечатоците од прикажаните и наградени филмови на овогодишниот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм. Социјалните мрежи се преполни со фотографии од средбите пред, за време, и по прикажувањето на двете проекции на документарните филмови.
Објавено на 03.11.2024 - 01:15

Роботика
Музичарите од Дрезденскиот симфониски оркестар Синфоникер минатиот месец настапија под диригентската палка (односно диригентските палки) на робот со три зглобни раце, кој бил дизајниран во соработка со локалниот технички универзитет.
Објавено на 01.11.2024 - 16:45

Pages