Медицина
Приближно 180 години наназад ако на некого бил вршен поголем оперативен зафат, голема е варојатноста дека за време на операцијата бил заспиен со општа анестезија. Иако оваа техника се користи речиси 2 века, и многу механизми од нејзиното функционирање се добро разбрани, сепак некои детали во врска со тоа како опојката успева да нѐ држи ‘заспани’ долго време без ненадејно да се разбудиме за време на операцијата сè уште остануваат нејасни. Студијата направена на овошни мушички и објавена во Journal of Neuroscience нуди некои нови детали за механизмот на дејство на анестетиците во мозокот.
Објавено на 11.07.2024 - 16:15

Медицина
Американските истражувачи го открија механизмот што ја предизвикува опаката, животно загрозувачка болест лупус. Процесот отвора патишта кон подиректен третман на болеста што погаѓа милиони луѓе ширум светот.
Објавено на 11.07.2024 - 14:45

Историја и археологија
Анализите користени во студиите на гравитациските бранови доведоа до повторно пресметување на дупките во таинствениот механизам од Антикитера. И до контроверзна хипотеза. Новата, можна интерпретација објаснувањата ги црпи од ни повеќе ни помалку туку од студиите на гравитациските бранови .
Објавено на 10.07.2024 - 17:00

Електроника
Anglia Components објави дека ветува бесплатна испорака на одредено количество примероци од секој STMicroelectronics (ST) NPI полуспроводник (New Product Introduction) за клиентите во во Обединетото кралство (ОК) и земјите во ЕУ-зоната. Ние не сме баш во ‘фокус-групата’, но сигурни сме дека ќе се снајдете
Објавено на 10.07.2024 - 12:30

Автомобилска техника
Како што засега стојат работите, се чини дека сѐ зависи од маршрутата – автономните автомобили се побезбедни на праволиниските рути, додека ние луѓето сме подобри во управувањето возила во кривини и при слаба осветленост. Овој соломонски одговор произлегува од анализата на 2100 несреќи во кои биле вклучени возила со автоматски систем за управување (ADS – Automatic Driving System).
Објавено на 09.07.2024 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Во следните неколку месеци, една ѕвездена експлозија оддалечена 3000 светлосни години од нас се очекува да стане толку сјајна што би требало да биде видлива и со голо око. Експлозијата на нова во ѕвездениот систем T Coronae Borealis т.е. Северна круна, се случува приближно секои 80 години, при што нова експлозијата е видлива што од речиси секоја точка на Земјата.
Објавено на 09.07.2024 - 13:30

Историја и археологија
Предисториската населба Тумба Маџари во Скопје е археолошки локалитет кој со своите уметнички и естетски вредности на материјалната и духовната култура е веќе потврден во научните кругови. Новото откритие од актуелните археолошки истражувања на локалитетот Тумба Маџари е фигурина од типот на „Големата мајка“.
Објавено на 08.07.2024 - 19:00

Екологија
Јули 2024. На Преспанско Езеро му се случува забрзано исчезнување. Во однос на ланскиот 5 јули, нивото е пониско за цели 39 cm, иако според досега воспоставената динамика на намалувањето беше очекувано намалување од околу 18-20 cm.
Објавено на 08.07.2024 - 17:45

Медицина
Изминатата недела помина во знакот на дебатата Бајден – Трамп, која беше своевиден тест за бистрината на умот и мозочната кондиција на учесниците, претеденти за функцијата што би ги ставила на чело на една од најмоќните демократии во светот. Обајцата кандидати за претседателската функција се во своите позни години, при што за еден од нив отворено се зборува дека има проблеми со средувањето на текот на мислите. Па, да видиме што вели науката за мозокот, мозочните функции и стареењето?
Објавено на 08.07.2024 - 14:15

Аеронаутика
Ацо Тодоровски слетува во Расадник Кисела вода Скопје со змај Еуро II. Снимено некаде '83 година
Минатата недела во хотелот Монтана во Крушево беа одбележани половина век на едно континуирано постоење на ултралесната авијација во Македонија, крилата за слободно летање (змејови и параглајдери) и половина век од основањето на Хели клубот. На свеченоста беа дојдени гости од целата земја и од странство.
Објавено на 04.07.2024 - 16:45

Pages