Рубрика: Психологија
Нова книга во е-продавницата на ЕМИТЕР: „Психичка самоодбрана со практични методи“
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 28.07.2026 - 17:30

Е-продавницата на ЕМИТЕР е збогатена со уште едно домашно авторско издание – книгата „Психичка самоодбрана со практични методи“ од дипломираниот електротехнички инженер Тома Манески. Станува збор за обемно дело што ги обединува размислувањата на авторот за психологијата, самосвеста и личниот развој, надополнети со практични вежби и методи кои, според неговиот концепт, имаат цел да му помогнат на читателот во градењето на психичка стабилност и внатрешна самоконтрола.

Во книгата се обработуваат теми како што се развивањето на свесноста за сопственото јас, односот помеѓу свеста и потсвеста, автосугестијата, техниките за концентрација, ритмичкото дишење и други практични вежби кои авторот ги претставува како дел од еден поширок систем за психичка самоодбрана. Делото навлегува и во области што авторот ги поврзува со парапсихологијата, оставајќи простор читателот сам критички да ги разгледа понудените идеи и да изгради сопствен став.

Книгата во обем од 329 страници на Б5 формат, е организирана во седум тематски целини. По воведот, следуваат поглавја посветени на психичките состојби на човекот, основните поими во психичката самоодбрана, практичните вежби, методите на автосугестија, техниките за мисловно пробивање и концептите што, според авторот, водат кон повисоко ниво на психичка автономија. Ваквата структура овозможува читателот постепено да се запознае со концептите и нивната практична примена.

Рецензент на книгата е проф. д-р Биљана Перчинкова, која истакнува дека делото се издвојува по својот систематичен пристап, јасната организација и стремежот сложените теми да бидат претставени на разбирлив и применлив начин. Според рецензијата, книгата може да биде интересна за читатели што се занимаваат со психологија, личен развој, но и за сите што сакаат да истражуваат различни пристапи кон подобро разбирање на човековата психа.

Со ова издание ЕМИТЕР продолжува да ја збогатува својата понуда со книги од домашни автори кои отвораат различни научни, технички и интердисциплинарни теми. Доколку ве интересираат психологијата, самоспознавањето и концептите за личен развој, „Психичка самоодбрана со практични методи“ е нов наслов што веќе можете да го најдете во е-продавницата на ЕМИТЕР по цена од 450 денари (тука)

Клучни зборови: