Информатика
Овој 'празник' го заслужува вашето целосно внимание и ред е да го одбележите на соодветен начин. Имено, сите ние сме за отфрлање на слабите лозинки, особено ако за зајакнување на вашата безбедност е потребно само малку труд. Ние ви предлагаме четири лесни начини што ќе ви помогнат во оваа насока.
Објавено на 02.05.2024 - 17:15

Хемија
Еден меѓународен проект сака да ги објави сите органски соединенија присутни во храната што ја јадеме. Целта е подобрување на здравјето и безбедноста на храната. Што се готви? Како одговор на ова прашање би можеле да ја наведеме секоја од состојките што сме ја употребиле во приготвувањето на јадењето, веројатно и добар дел од макронутриентите: јаглени хидрати, протеини, липиди... Но, ако треба да навлезаме уште подетално во составот на оброкот, веројатно ќе се изнамачиме пред да одговориме, ако воопшто и можеме.
Објавено на 02.05.2024 - 14:00

Телекомуникации
Со дизајнот на оваа 3-елементна антена за 50 MHz (6 m подрачје) го завршуваме опусот антени за VHF, добиени со искористување на материјал од старите антени за 4. телевизиски канал од аналогната телевизија.
Објавено на 30.04.2024 - 14:45

Аудио и видеотехника
Ако малку од малку сте прочепкале низ јутјубот, сигурно сте налетале и на Slow Mo Guys, јутјуберите посветени на правење забавени снимки на речиси сè што е во движење. И ова го прават повеќе од 10 години. Во еден момент на ум им паднала неверојатна идеја: Дали може да се сними светлината во движење? Епа може...
Објавено на 29.04.2024 - 13:15

Роботика
Со одржувањето на големото финале во просториите на ФЕИТ во саботата се спуштија завесите на овогодинешниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција – Робомак 2024. Малку поскромно од некои минати изданија, но ова не значи дека е и помалку вредно.
Објавено на 29.04.2024 - 12:45

Роботика
Дали е тоа судир на Титаните?... Не! Мегатрон против Оптимус Прајм? Не! Најголемата робо-битка оваа година ќе се случи утре, сабота 27 април, во рамките на финалниот натпревар на овогодинешниот RoboMac 2024 што ќе се одржи во 17 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ.
Објавено на 26.04.2024 - 13:45

Астрономија и астронаутика
Тим експерти ја истражуваат можноста дека Стоунхенџ е усогласен и со позициите на Месечината
Редок астрономски настан можеби ги натерал градителите на Стоунхенџ да ја усогласат поставеноста на некои од монолитите со движењата на Месечината. Постои можност монолитите од Стоунхенџ да биле порамнети и со привидното движење на Месечината на небесниот свод, а не само со она на Сонцето. Оваа хипотеза за којашто подолг период се дискутира во научните кругови би можела наскоро да биде проверена на лице место. Имено, група научници од Обединетото Кралство ќе ја искористи појавата на редок лунарен феномен кој се повторува на секои 18,6 години за да разбере дали градителите на Стоунхенџ го земале предвид и движењето на Месечината при дизајнирањето на мегалитската опсерваторија.
Објавено на 26.04.2024 - 13:00

Роботика
Во периодот од 22 до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2024. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ.
Објавено на 26.04.2024 - 10:00

Историја и археологија
Минијатурата била откриена со детектори на метал од страна на Фин Ибзен и Ларс Даниелсен, кои го пребарувале полето во близина на Рингстед, град на островот Зеланд, 50 километри југозападно од главниот град на Данска, Копенхаген. Бронзениот артефакт, со пречник од околу 2,7 сантиметри и изработен од бронзена легура, му бил предаден на Музејот на Западен Зеланд.
Објавено на 25.04.2024 - 15:15

Геологија
Примерок од 3,7 милијарди години стара карпеста формација прошарана со ленти железо какви што постојат во североисточниот дел на супракрасталниот појас Исуа.
Истражувачите пронајдоа геолошки запис стар 3,7 милијарди години за магнетното поле на Земјата, обезбедувајќи ја најстарата проценка за неговата сила добиена од цели примероци од карпи. Според научниците ова е важен исчекор во обидите да се одреди улогата на магнетното поле при појавата на животот на Земјата.
Објавено на 25.04.2024 - 13:45

Pages