Астрономија и астронаутика
Администраторот на НАСА Бил Нелсон ги објаснува причините за одложувањето на лансирањето
НАСА не планира да ги искористи прозореците за лансирање што се отвораат секој ден до 6 септември. Почеток на мисијата Артемида 1 и лансирање кон Месечината може да ги очекуваме најрано од 19 септември, но многу веројатно е тоа да се случи дури наредниот месец.
Објавено на 05.09.2022 - 15:00

Омнибус
Потрошувачко општество е своевиден модерен општествен феномен кој денеска предизвикува многу контроверзи. Оправдани или не тоа е веќе друго прашање. За мене овој феномен воопшто не е дискутабилен, е оправдан и ќе се обидам тоа да го докажам во текстот кој следи.
Објавено на 05.09.2022 - 11:30

Астрономија и астронаутика
SLS ракетата и капсулата Орион на лансирната платформа во Кенеди центарот на НАСА во Флорида
Откако поради повеќе технички проблеми лансирањето закажано за 29 август беше откажано, од НАСА уверуваат дека сите потребни поправки се направени и вториот обид за лансирање треба да биде успешен. Лансирањето е закажано за денес во 20 часот по македонско време, а времето за вклучување во директниот пренос е два часа порано.
Објавено на 03.09.2022 - 12:15

Екологија
Во последниве две-три децении расипаните уреди најчесто не се поправаат, туку се заменуваат со нови. Но, дали некој се запрашал како оваа практика, поттикната од капитализмот и од консумеризмот, се одразува на еколошки план?
Објавено на 01.09.2022 - 16:45

Информатика
Тим од кибер експерти на ФБИ наменет за итни интервенции е веќе на пат кон кон Црна Гора. Нивната задача – да се истражи масивниот, координиран напад врз оваа малата држава и нејзините служби. Ова го објави во средата Министерството за внатрешни работи на Црна Гора откако владините веб-страници, вклучително и оние на министерствата за одбрана, финансии и внатрешни работи, останаа недостапни. Официјални лица изјавиле дека страниците се исклучени “од безбедносни причини“
Објавено на 01.09.2022 - 10:30

Медицина
Група истражувачи од Универзитетот Јеил идентификувале агенси кои се способни селективно да ги таргетираат туморските ткива, истовремено не наштетувајќи им на здравите. Се чини дека методот е ефикасен во третирањето на глиобластомите, најагресивната и најчеста форма на рак на мозокот кој има 60% застапеност од сите мозочни тумори и средно време на преживување од само 10 месеци.
Објавено на 31.08.2022 - 18:30

Астрономија и астронаутика
Додека научниците и ентузијастите за истражување на вселената беа преокупирани со мисијата Артемида 1 што требаша да ја понесе беспилотната капсула Орион во орбита околу Месечината, речиси 'под радар' ќе поминеа новите спектакуларни слики од галаксијата M74 (NGC 628). Овие невидено детални снимки се сведоштво за моќта на вселенските телескопи, особено кога ќе се впрегнат во заедничко набљудување на еден објект во различни бранови должини. Во случајов, податоците од вселенскиот телескоп Џејмс Веб (на НАСА/ЕСА/ЦСА) и од вселенскиот телескоп Хабл (на НАСА/ЕСА) беа комбинирани за да обезбедат целосен приказ на галаксијата.
Објавено на 31.08.2022 - 16:00

Металство и машинство
Германскиот производител на автомобилски делови MAHLE, со седиште во Штутгарт, разви високоефикасен индукциски мотор без магнети чиешто производство е еколошки поодржливо, а истовремено и поевтино споредено со другите мотори од тој тип. И, како бонус, моторот не бара одржување. Компанијата вели дека ги комбинирала силните страни на различни концепти за електрични мотори во еден производ, овозможувајќи ефикасност од „преку 95% на речиси сите работни точки“ –ниво досега постигнато само кај спортските автомобили во Формула Е.
Објавено на 30.08.2022 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Ете, конечно дојде и “Д” денот за мисијата Артемида 1. Како што веќе пишувавме, мисијата Артемида I (Artemis 1) го претставува првиот чекор пред долгоочекуваното враќање на астронаутите на Месечината. Овој прв лет од мисијата ќе биде реализиран без човечки екипаж, но е значаен бидејќи е прв лет што ги комбинира новата SLS ракета и капсулата Орион. Одбројувањето е веќе во тек, а масивната SLS ракета ќе се “одлепи” од тлото во прозорецот од 14 часот и 33 минути до 16 часот и 33 минути.
Објавено на 29.08.2022 - 12:00

Психологија
Научниците откриваат зошто луѓето склони кон параноја и лековерност, како и оние што имаат потреба од доминација или чувство на посебност, е многу поверојатно да веруваат во теории на заговор. Сиве овие појави се тесно поврзани со нарцисоидните особини на личноста.
Објавено на 27.08.2022 - 23:30

Pages