Информатика
Google Cloud и Coinbase објавија долгорочно стратешко партнерство со цел на подобрување на услугите на растечкиот екосистем на Web3 и за програмерите, кои сега ќе можат да пристапат до крипто јавните бази на податоци BigQuery. Со оваа соработка за корисниците на услуги во облак на Google ќе добијат можност да ги наплаќаат своите услуги на клиентите во криптовалута по сопствен избор.
Објавено на 13.10.2022 - 12:15

Медицина
Уметнички приказ на рецепторска мимикрија.
Тим истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија, кои работат со колега од Медицинската филијала на Универзитетот во Тексас и уште еден колега од Универзитетот во Бостон и Медицинскиот центар во Бостон, откриле дека вирусот SARS-CoV-2 создава протеин кој го имитира протеинот што ја пакува ДНК, спречувајќи ја транскрипцијата што вообичаено би играла улога во имунолошкиот одговор.
Објавено на 10.10.2022 - 14:15

Металство и машинство
Голем истражувачки тим од Макс Планк Институтот за Металургија (Max-Planck-Institut für Eisenforschung GmbH), во соработка со нивните колеги од Техничкиот универзитет во Дармштат, Технолошкиот универзитет во Делфт и Кралскиот институт за технологија KTХ во Стокхолм, откриле дека е можно да се користи машинско учење за да им се помогне на металурзите да ја пронајдат оптималната мешавина од метали за создавање на посакуваната легура. Во нивниот труд објавен деновиве во списанието Science, групата го опишува нивниот процес во три чекори и колку добро тој функционирал при тестирањето. Во истото издание, Кинг-Миао Ху и Руи Јанг со Кинеската академија на науките, од Институт за истражување на метали, објавија нивна анализа на работата направена од тимот, а огледот е мошне позитивен...
Објавено на 10.10.2022 - 12:45

Информатика
Во петокот од Мета предупредија дека милион корисници на Фејсбук дека се „изложени“ на навидум безопасни апликации за паметни телефони дизајнирани така што ги крадат лозинките за пристап на популарната социјалната мрежа...
Објавено на 10.10.2022 - 11:45

Роботика
На атлетската патека на Државниот универзитет во Орегон, двоножниот робот Кеси постави нов брзински рекорд на 100 метри. Не беше побрз од Јусеин Болт, но неговите резултати се сепак импресивни за еден двоножен робот.
Објавено на 07.10.2022 - 13:00

Биологија
Дали сексуалниот нагон навистина се намалува постепено со текот на годините? Една студија објавена во списанието Archives of Sexual Behavior го поставува под знак прашање ова тврдење. Се чини дека резултатите од истражувањето покажуваат дека и мажите и жените доживуваат поголема или помала сексуална возбуда во различни периоди од нивниот живот. Пред сè, постојат разлики помеѓу желбата за мастурбирање, за секс со неврзан или со постојан партнер.
Објавено на 07.10.2022 - 13:00

Медицина
Помалку од една третина од регулаторните дејствија преземени од страна на американската Администрација за храна и лекови (FDA) се потврдени со објавени наоди од истражувања или јавни проценки, се укажува во трудот објавен денес во реномираното научно списание The ​​British Medical Journal.
Објавено на 06.10.2022 - 15:30

Архитектура и градежништво
Новиот бродски лифт во Нидерфинов, источна Германија, висок 55 метри.
Неверојатниот нов бродски лифт во Германија може да повлече тежина еквивалентна на 50 сини китови преку делот од каналот сместен меѓу Полска и Берлин. Моќниот бетонски лифт, најголем во оваа земја, којшто е дизајниран за справување со големи модерни бродови, за прв пат почна да ги пречекува бродовите во средата.
Објавено на 06.10.2022 - 12:45

Хемија
Шведската кралска академија на науките одлучи да ја додели Нобеловата награда за хемија за 2022 година на Каролин Р. Бертоци, Мортен Мелдал и К. Бери Шарплес „за развој на клик-хемијата и биоортогоналната хемија“
Објавено на 05.10.2022 - 13:00

Биологија
Еве една добра вест, како скроена да ве одржи до викендот – белгиските истражувачи успеале да го подобрат вкусот на современото пиво. Ова го направиле со идентификување и инженеринг на генот кој е одговорен за најголем дел од вкусот што го поседува пивото но и некои други алкохолни пијалоци. Истражувањето беше објавено минатиот месец во Applied and Environmental Microbiology.
Објавено на 05.10.2022 - 11:15

Pages