На 6 март во салонот Големата соба во Варшава со почеток во 18 часот, Здружението за промоција на македонска култура во Полска (Stowarzyszenie Kultury Macedońskiej w Polsce), како дел од своите редовни активности за промоција на македонската култура во Полска, организираше презентација на обичајот Мартинки. Презентацијата беше направена во соработка со Институтот за славистика при Полската академија на науки, Институтот за етнологија и културна антропологија при Варшавскиот универзитет, Полското етнолошко друштво – оддел во Варшава, Здружението Етнографска работилница, како и Македонското истражувачко друштво од Скопје.