Кога ќе кажеме компјутер, нанотехнологија, батерија, мислиме нешто што е создадено пред неколку децении или најмногу сто години. Но, неколку археолошки артефакти и наоди, предмети изработени и градени пред стотици години, некои од нив и пред новата ера, поседуваат карактеристики за кои би сметале дека може да се постигнат само со користење на современата технологија и наука. Како тие биле создадени во некои случаи е сѐ уште мистерија – загатка што научниците се обидуваат да ја одгатнат...