На 8 март оваа година, сметката на Џонатан Мекдауел, aстроном кој коментира за лансирањата во вселената и навлегувањето на објекти во атмосферата, на социјалната мрежа X, го најави навлегување во атмосферата на палетата со искористена опрема EP-9, испуштена од Меѓународната вселенска станица. Притоа тој даде информации за точката на влез и локациите каде би можеле евентуално да се очекуваат остатоци од палетата. Само неколку дена подоцна Алехандро Отеро од Неапол во Флорида, во одговор на ова известување објави фотографии од мистериозен објект кој паднал од небото во неговиот дом, шегувајќи се дека дел од товарот ја промашил целта.