Аудио и видеотехника
Ако малку од малку сте прочепкале низ јутјубот, сигурно сте налетале и на Slow Mo Guys, јутјуберите посветени на правење забавени снимки на речиси сè што е во движење. И ова го прават повеќе од 10 години. Во еден момент на ум им паднала неверојатна идеја: Дали може да се сними светлината во движење? Епа може...
Објавено на 29.04.2024 - 13:15

Роботика
Со одржувањето на големото финале во просториите на ФЕИТ во саботата се спуштија завесите на овогодинешниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција – Робомак 2024. Малку поскромно од некои минати изданија, но ова не значи дека е и помалку вредно.
Објавено на 29.04.2024 - 12:45

Роботика
Дали е тоа судир на Титаните?... Не! Мегатрон против Оптимус Прајм? Не! Најголемата робо-битка оваа година ќе се случи утре, сабота 27 април, во рамките на финалниот натпревар на овогодинешниот RoboMac 2024 што ќе се одржи во 17 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ.
Објавено на 26.04.2024 - 13:45

Астрономија и астронаутика
Тим експерти ја истражуваат можноста дека Стоунхенџ е усогласен и со позициите на Месечината
Редок астрономски настан можеби ги натерал градителите на Стоунхенџ да ја усогласат поставеноста на некои од монолитите со движењата на Месечината. Постои можност монолитите од Стоунхенџ да биле порамнети и со привидното движење на Месечината на небесниот свод, а не само со она на Сонцето. Оваа хипотеза за којашто подолг период се дискутира во научните кругови би можела наскоро да биде проверена на лице место. Имено, група научници од Обединетото Кралство ќе ја искористи појавата на редок лунарен феномен кој се повторува на секои 18,6 години за да разбере дали градителите на Стоунхенџ го земале предвид и движењето на Месечината при дизајнирањето на мегалитската опсерваторија.
Објавено на 26.04.2024 - 13:00

Роботика
Во периодот од 22 до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2024. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ.
Објавено на 26.04.2024 - 10:00

Историја и археологија
Минијатурата била откриена со детектори на метал од страна на Фин Ибзен и Ларс Даниелсен, кои го пребарувале полето во близина на Рингстед, град на островот Зеланд, 50 километри југозападно од главниот град на Данска, Копенхаген. Бронзениот артефакт, со пречник од околу 2,7 сантиметри и изработен од бронзена легура, му бил предаден на Музејот на Западен Зеланд.
Објавено на 25.04.2024 - 15:15

Геологија
Примерок од 3,7 милијарди години стара карпеста формација прошарана со ленти железо какви што постојат во североисточниот дел на супракрасталниот појас Исуа.
Истражувачите пронајдоа геолошки запис стар 3,7 милијарди години за магнетното поле на Земјата, обезбедувајќи ја најстарата проценка за неговата сила добиена од цели примероци од карпи. Според научниците ова е важен исчекор во обидите да се одреди улогата на магнетното поле при појавата на животот на Земјата.
Објавено на 25.04.2024 - 13:45

Аеронаутика
Исконската желба за конечно беше реализирана со првиот лет на браќата Рајт во 1903 година. По него се случува релативно брз развој на воздухопловството. Некаде тука се раѓа и желбата да се поседува сопствен авион, што ќе му овозможи на сопственикот да лета кога и каде же посата. Оваа желба конечно ќе ја изнедри и категоријата на ултра лесни летала. Направени се многу типови на вакви летала, со помал или поголем успех. Но, едно од нив се издвојува со својата популарност, а тоа е УЛВ авионот Кри-Кри кој е најамалиот двомоторен авион. Иако е создаден одамна, неговата популарност и понатаму расте, сѐ повеке и повеќе, па се појавуваат разни верзии, со разни мотори. Во овој кус напис ќе се обидам да го опишам ова прекрасно “авионче”...
Објавено на 23.04.2024 - 17:00

Омнибус
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) започна 12 издание на Робомак и 4 издание на Робомак јуниор. На двата Робомак настани учествуваат околу 115 учесници – студенти и средношколци. Робомак 2024 претставува меѓународен натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, електрониката, автоматиката и вештачката интелигенција. Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 27.4.2024. Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.
Објавено на 23.04.2024 - 12:45

Хемија
Истражувачите случајно создадоа слој од злато тенок колку еден атом. Новиот наноматеријал е наречен голден, бидејќи ја има истата дводимензионалност на графенот кој, како што знаеме, е заснован на јаглерод.
Објавено на 22.04.2024 - 17:30

Pages