Рубрика: Информатика
Women in Tech Macedonia организира серија обуки за ВИ наменети за жените ширум Македонија
Објавено на 18.05.2026 - 11:15

Women in Tech Macedonia со нова серија обуки ги зајакнува жените со вештини за вештачка интелигенција и благосостојба низ Македонија

AI4HerWellbeing е еднодневна работилница која ги поврзува вештачката интелигенција, гешталт-терапијата и арт-терапијата, а се одржува во пет општини оваа пролет и лето.

Отворена е регистрацијата за AI4HerWellbeing, серија бесплатни обуки наменети за девојки и жени на возраст од 22 до 55 години. Обуките имаат за цел да го поддржат личниот развој и благосостојбата на учесничките, преку комбинирање на практична примена на вештачката интелигенција со терапевтски пристапи од гешталт и арт-терапијата.

Овие обуки имаат за цел да ги опремат учесничките со алатки кои можат веднаш да ги применат во секојдневниот живот и на работното место, со цел поголема јасност, фокус и личен раст.

Распоред на обуки

20 мај 2026, 12:00–16:00ч - Општина Кавадарци
21 мај 2026, 14:00–18:00ч - Општина Кочани
2 јуни 2026, 11:00–15:00ч - Општина Битола
16 јуни 2026 - Општина Куманово
18 јуни 2026, 12:00–16:00ч - Општина Пехчево
Точните локации за секоја општина ќе бидат објавени дополнително.

Обуките ги водат два посветени експерти - М-р Моника Ризовска Таневска, Претседател на Women in Tech Macedonia, основач на AI Collective Скопје, говорник и тренер за AI модернизација, основач и извршен директор на Davleo Consulting и М-р Цветанка Штерјова Бурзевска, Лиценциран психолог, ЕАГТ гешталт психотерапевт и арт-терапевт.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија, во рамките на мрежата Младински Хаб на Западен Балкан и Турција, и се реализира во тесна соработка со општините домаќини.

 

Пријавување:

Девојки и жени на возраст од 22 до 55 години кои се заинтересирани за учество можат да се пријават на:https://forms.gle/QtRXnG2xbWHbJpXn6

 

Women in Tech Macedonia со оваа серија обуки свесно избира децентрализиран пристап, носејќи ги дигиталните знаења директно, во Кавадарци, Кочани, Битола, Куманово и Пехчево.

Со овие дисперзирани обуки за Вештачка Интелигенција сакаме да придонесеме кон рамномерен дигитален развој на ниво на цела земја и да покажеме дека процесот на дигитализација не треба да биде привилегија на одредени средини, туку право достапно за секоја жена, каде и да живее.” - истакна Моника Ризовска Таневска, претседател на организацијата.

Клучни зборови: