Едукацијата на млади таленти од областа на филмот е целта на мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts, формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал).