Реномираниот македонски професор при Институтот за политички студии во Белград, д-р Игор Јанев, неодамна објави труд којшто се бави со проблемите на космологијата. Неодамна објавениот труд нуди интересна филозофска интервенција во космологијата при што се обидува да ја прошири рамката на космолошките објаснувања преку нов концепт на „мета‑дијалектичка сила“, со цел да понуди свежа перспектива за темната енергија.
Во космологијата постојат три главни физички пристапи за објаснување на темната енергија – ΛCDM моделот, квинтесенција и модифицирана гравитација. Во трудот The Meta-Dialectic Concept of the Force and Its Possible Relevance for the Explanation of the Cosmological Physical Theory, With Modern Approach to the Dark Energy Phenomenon, Јанев се обидува да воведе нова „мета‑дијалектичка“ концепција на силата, со цел да понуди алтернативно објаснување за космолошките теории и особено за феноменот на темната енергија. Притоа тој користи дијалектички пристап (теза–антитеза–синтеза) за да ја разгледа природата на силата и нејзината улога во космосот. Неговата философско‑теоретска рамка предлага нов концепт на „сила“ како синтеза на спротивности. Целта е да се понуди објаснување за темната енергија кое не е ограничено само на класичните физички модели, туку вклучува и филозофски интерпретации.
Ова философска интерпретација се заснова на идејата дека секој концепт има спротивност и дека вистинското разбирање доаѓа преку нивна синтеза. Притоа оди чекор понатаму, предлагајќи дека силата не е само физичка големина, туку и концепт кој се развива преку постојана интеракција на спротивставени идеи. Па, предлага дека темната енергија може да се сфати како резултат на таква синтетичка „виша“ сила, која не е директно мерлива, но има ефекти врз космолошките процеси.
Теоријата би можела да се покаже релевантна за космолошки теории кои се занимаваат со забрзаното ширење на универзумот.
Трудот е објавен во списанието со отворен пристап American Journal of Planetary and Space Science на Pubtexto. Списанието е со фактор на влијание 2 во дадената област и има скромна научна релевантност во областа на астрономијата и космологијата.
