Хемија
Д-р сци. Вјекослав Штрукил, научник во Институтот Руѓер Бошковиќ во Загреб, неодамна го објави својот труд: “Високоефикасна хидролиза на отпад од полиетилен терефталат во цврста состојба со механохемиско мелење и стареење потпомогнато со пареа” (Highly efficient solid-state hydrolysis of waste polyethylene terephtalate by mechanochemical milling and vapor-assisted agin), во списанието “ChemSusChem” на Европското здружение на хемичари. За овој напис се заинтересира и пошироката јавност.
Објавено на 16.02.2021 - 13:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на италијанскиот ренесансен гениј, физичар и астроном – Галилео Галилеј, на творецот на програмскиот јазик PASCAL – Никлаус Вирт, и на американскиот астроном Вилијам Пикеринг. Покрај ова ја одбележуваме годишнината од метеорската експлозија над градот Челјабинск...
Објавено на 15.02.2021 - 13:15

Информатика
Вредните инсталации со високи обемни побарувања, каков што е, на пример, хадронскиот судирач на ЦЕРН во Женева, користат апираторни детектори на чад со висока чувствителност.
Дваесет и првиот век донесе нови предизвици и нови опасности кои создадоа потреба за поголема прецизност на уредите за детекција на пожари, но и на системите за известување. Новите технологии, како што е Интернетот на нештата и интеграцијата на интердисциплинарни системи, се користат во инсталациите со цел да се скрати времето потребно за детекција и за реакција, а со тоа да се овозможи побрза и побезбедна евакуација.
Објавено на 15.02.2021 - 10:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на американскиот физичар и пронаоѓач, Вилијам Шокли, на човекот кој го проби звучниот ѕид, Чак Јегер, и на најпознатата жена-иноватор, Маргарет Најт. Покрај ова го одбележуваме денот кога е претставен компјутерот ЕНИАК, денот кога Сончевиот систем го доби првиот семеен фото-портрет, денот кога светот се прости од Руѓер Бошковиќ и денот кога конвој од автомобили застава 101 тргнува кон Килиманџаро...
Објавено на 14.02.2021 - 00:30

Телекомуникации
Светски ден на радиото (World Radio Day – WRD) е меѓународен ден што секоја година се слави на 13 февруари. Одлуката за денот на којшто тој ќе се одбележува паднала за време на својата 36-та конференција на УНЕСКО. Светскиот ден на радиото бил едногласно прогласен од сите земји-членки на УНЕСКО, а за прв пат бил прославен на 13 февруари 2012 година.
Објавено на 13.02.2021 - 13:30

Медицина
Во последно време с ѐ повеќе се зборува дека 40% од популацијата е имуна на ковид-19 од прележување и дека ќе биде доволно да се вакцинираат само уште 20% од популацијата за да се постигне колективен имунитет. Сега ќе видиме дека всушност ќе треба многу повеќе, односно најмалку 60%. Краткиот одговор на прашањето зошто е така би бил - бидејќи не знаеме кои од недијагностицираните лица прележале. За подолгиот одговор ќе ни треба една мала пресметка.
Објавено на 13.02.2021 - 12:30

Омнибус
Во овој времеплов ги одбележуваме родендените на англискиот природонаучник, Чарлс Дарвин, на францускиот хемичар Бернард Куртоа и на американскиот визионер, пронаоѓач, футуролог, мислител и претприемач Реј Курцвејл...
Објавено на 12.02.2021 - 14:30

Медицина
Неодамна реномираниот научен магазин Science објави видео во коешто се објаснува на кој начин функционираат засега најупотребуваните и водечки вакцини. Тука ви го пренесуваме видеото кое дава одлично и разбирливо објаснување за механизмите на делување.
Објавено на 12.02.2021 - 13:30

Климатологија
Едно истражување што ги користи сателитските податоци го вклучи алармот – нашата планета го губи мразот со брзина предвидена во најлошото сценарио.
Објавено на 12.02.2021 - 11:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на американскиот пронаоѓач и бизнисмен, Томас Алва Едисон, и на унгарскиот физичар Лео Силард. Го одбележуваме денот кога јапонците за првпат испратија сателит во космосот, а и денот кога во вселената се изврши и втората надградба на телескопот Хабл. Покрај ова одбележуваме и 45 години од смртта на авиоинженерот и конструктор на воздухоплови, германецот Александер Липиш ...
Објавено на 11.02.2021 - 16:00

Pages