Истражувачите од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД успеаја да ги елиминираат сите преканцерозни лезии кај глувци. Како? Со вбризгување на насочен имунотоксин директно во млечните канали.
Градите се сложен орган составен од млечна жлезда, маснотии, потпорни влакна, нерви, крвни садови и лимфни садови. Млечната жлезда, чија функција е да произведува мајчино млеко, е поделена на неколку лобуси. Тие самите пак се составени од лобули. Произведеното млеко се пренесува до брадавицата со помош на специјални анатомски структури т.н. млечни канали.
Ракот на дојка може да се развие на различни места во градите. Дукталниот карцином, којшто претставува форма на ран карцином на дојка, се развива од вродените клетки на млечните канали и е еден од најчестите карциноми на дојка. Зборуваме за дуктален карцином in situ или неинвазивен дуктален карцином кога канцерогените клетки се ограничени на слузницата од млечниот канал. Ова е рана фаза во која клетките на ракот сè уште не се шират надвор од млечните канали или на други органи.
Овој тип на рак на дојка мошне тешко се открива со палпација. Најчесто се открива при мамограм скрининг, којшто се препорачува за сите жени над одредена возраст.
Дукталниот карцином in situ е рак на дојка кој сугерира одлична прогноза. Повеќе од 95% од жените кај кои е откриен овој рак може да се излечат. Меѓу понудените третмани, основни се радиотерапијата и оперативниот зафат. Во 30% од случаите, неопходна е мастектомија којашто во некои случаи носи големи психолошки тешкотии за пациентите.
Дукталниот карцином in situ се развива во млечните канали
Сега американските истражувачи предлагаат еден помалку инвазивен терапевтски пристап за лекување на овој тип на рак. Во претклиничката студија врз глувци, тие тестирале алтернативен третман со инјектирање на лек директно во млечните канали.
Лекот за којшто станува збор е имунотоксинот наречен HB21(Fv)-PE40. Се работи за молекула составена од моноклонално антитело (HB21) што може да го таргетира човечкиот трансферин рецептор. Протеин кој се наоѓа во ракот на дојката. Ова антитело е споено со фрагмент од бактериски токсин наречен PE40. Тој има способност да го блокира производството на клеточен протеин и да предизвика клеточна смрт. Оваа молекула уништила многу клеточни линии на рак, притоа не оставајќи токсични остатоци во крвта на тестираните глувци.
Во ова претклиничко истражување, научниците го инјектирале третманот во млечните канали на два вида глувци. Станува збор за лабораториски глувци кои развиле рак на дојка по инјектирање на туморски клеточни линии (култури) како што се SUM225 и MCF7. MCF7 е линија на туморски клетки земени од 69-годишна пациентка со метастатски рак на дојка, која починала во 1970-тите. Нејзините клетки се извор на многу откритија за ракот на дојката.
За време на претклиничката студија врз глувци, истражувачите го администрираа имунотоксинот по специфичен протокол. Глувците со MCF7 го примаа лекот HB21(Fv)-PE40 еднаш неделно во текот на три недели. Кај некои лекот бил инјектиран директно во каналите на дојката, а кај други во друг дел од телото. За споредба, кај другите глувци било администрирано само моноклоналното антитело (HB21) било.
Глувците на кои им бил даден целосниот лек надвор од млечните канали доживеале забавен раст на туморот, но било забележано реактивирање на туморот при прекин на третманот на 26-тиот ден. Од друга страна, кај глувците кои го примиле лекот директно во млечните канали, резултатите биле спектакуларни! Туморите целосно исчезнале во рок од две недели по последната инјекција и не се случила ремисија.
Кај глувците со SUM225, третманот со лекот дал идентични резултати, со исчезнување на туморите по само две недели од третманот.
Кај двете групи на глувци, патолошките испитувања покажале дека третманот само антителото HB21 има многу ограничен ефект. Од друга страна, неговата поврзаност со бактерискиот имунотоксин PE40 е огромна. Третманот бил многу добро толериран од глувците, без несакани ефекти.
Се разбира, на научниците им претстои уште многу работа, вклучувајќи и спроведување на клиничка студија со пациенти, со цел да се потврди дека третманот функционира исто како и кај глувците. Но добиените резултати даваат надеж дека работите се движат во вистинска насока.