Приказнава може и да се вика и "Како Козјак го спасува Скопје"
Ме возеше еден таксист неодамна и ми вели... "Откако ја изградија браната веќе навечер кон Припор (?) го нема она ветерче што го имаше порано". Јас и пред овој разговор имав забележано дека и многумина други умеат да речат дека браната има штетна улога затоа што ја менува локалната клима на градот и го сопира ветерот кој порано се лизгал по долината и го разладувал Скопје. Па, еве едно мое сосем лично мислење за БРАНАТА и за ВЕТЕРЧЕТО.
Ќе се вратам најпрвин на еден случај на посилни врнежи во сливот на реката Треска најизразени преку ноќ – на 19 август 2016 година. Ништо особено! Како и безброј пати пред тоа што заврнувало во август, заврнал и тој ден. Кон вечерта облаците што полека се движеа кон север и северозапад се забрануваа, како и секаде кога поминуваат преку планините (влијание од релјефот) во горниот тек на река Треска. За неколку часа постојан прилив на влажен воздух од југ на тој регион се повторуваа врнежи. Дел од облачноста се пренесе кон јужен Полог и цело Полошко, а мал дел помина "преку" Солунска Глава и потоа преку Китка излезе кон источно Скопје.
Горна Треска имаше во сливот покачен водостој и тој бран на вода едноставно се влеа во езерото Козјак. Вардар кај Јегуновце до изутрината малку се поткачи од врнежите во Полог, а кај Скопје (кај Зајчев Рид) Вардар не ни трепна.
Брановите на река Треска знаеле порано, кога ќе стигнат до вливот со Вардар, да го застанат, па и да се качат по малку нагоре по него. Тој бран сега го нема. Ете тоа веќе го нема... бранот со кој реката Треска му се закануваше на градот.
Вистина е дека и дел од навлегувањата на нестабилност со невреме кон Скопско се случиле и пак ќе се случат. Познато е дека кралевите на лошото време во пролет и лето, облаците кумулонимбуси (Cb, Cumulonimbus ) знаат по водените површини да "се напијат влага" која може да ги одржи уште малку да поживеат и да истураат дожд (најчесто траат околу 30 минути). Сега единствено ново е што роа може да се случи ако патеката се задржи вдолж езерото, а порано било сосема неважно. За некоја поголема честина на овие процеси езерото Козјак не е толку долго, а е и прилично тесно и искривено.
На ветерчето од кај Треска сега можеби му треба малку повеќе време, па нема да се слее до пред полноќ и ќе доцни некој час (за да при мирно време се создаде слевање на постуден воздух од повисоките делови на долината и потоа да почне да "дувка". Но, за ветерчето и една друга работа е вистина, а била вистина од секогаш. Кога бевме деца не ни пречеше жешкото сонце. Не ни пречеше ни снегот. Сега некои други се млади и ним времето им е убаво и не толку жешко, а се им е ветерче.
Погледнете ја сликата од оваа мала сликовница што ја подготвив токму за опишаниот случај!
Вардар не се покачил многу од врнежите од Полошко (види 1), бранот на вода кај Македонски Брод е лесно видлива грпка од предходниот ден на графикот (2), Вардар подолу од вливот на Треска во Скопје не го сменил водостојот ниту следното утро ниту едно утро потоа (3)... ниту нешто се гледа и подолу во Велес.
Ете како Козјак го спасува Скопско!
А ветерчето!? Па тоа и денес дува. Само дува на едни кои денес и сега се млади.
Дува и им ги растура косите.